Петрушевски: ДУИ се прочитана книга и никој повеќе не им верува

October 13, 2024
1 min read

Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека ДУИ се веќе прочитани, и дека додека биле на власт, тие биле за укинвање на балансерот, а сега само си бараат причина за дестабилизација.

„Додека ДУИ беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се.

ДУИ како власт во 2023 година учествуваше во изготвување на Стратегија за реформи во администрацијата 2023 – 2030 во која се нотира дека балансерот има бројни злоупотреби и истиот треба да се укине.

ДУИ прифатија укинување на балансерот од позиција на власт, и тогаш не повикуваа на протести, затоа што беа насочени на матни тендери и играње фудбал по канцеларии.

Од позиција на опозиција, сега корумпираните функционери од ДУИ не може да местат тендери и тогаш почнуваат да злоупотребуваат етнички прашања со цел дестабилизација.

ДУИ само бараат причини за дестабилизација затоа што се плашат дека нивните функционери кои 20 години ја крадеа државата ќе се соочат со одговорност.

И додека функционерите на ДУИ 20 години ја ограбуваа државата, јавајќи на бранот на етнички теми, стотици илјади наши сограѓани ја напуштија државата, токму заради тие лоши политики.

ДУИ се прочитана книга и никој повеќе не им верува.

И Европската Комисија нотираше дека  балансерот се злоупотребува и дека истиот треба да се укине. Тогаш ДУИ молчеше, за да краде.

Македонија сега оди напред, кон економска трансформација, владеење на правото и држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина.“, рече Петрушевски.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Недела на романски филмови во Кинотека

Следно

Петрушевски: ДУИ додека беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација

Latest from Blog

Откриена причината поради која Меси плачеше на историскиот натпревар!

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Лионел Меси ја предводеше Аргентина до победа на првиот натпревар од Светското првенство со хет-трик, но прославата на фудбалската икона беше нарушена со солзи по првиот гол. Иако Меси по натпреварот

Проданоски: Од 17 до 19 јули Прилеп ќе живее во ритамот на Пиво Фест

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави дека од 17 до 19 јули Прилеп повторно ќе биде центар на забавата и добрата атмосфера со одржувањето на 23-тото издание на традиционалниот Пиво Фестивал.

Меџити: Со забрзано темпо се гради кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити, информираше дека извршил увид во градежните работи на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, при што изразил задоволство од динамиката со која се

Времето денеска променливо облачно и топло

Променливо облачно и топло време со сончеви периоди се очекува денес. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 9
Go toTop