Мицкоски: ДУИ на владина седница во 2023 година усвоиле стратегија за реформи во јавната администрација, која вели дека ќе има бришење на „балансерот“

October 12, 2024
1 min read

Обиди за дестабилизација имало и ќе има, бидејќи Демократската унија за интеграција не може да излезе со некој предлог за реформа во правосудството или економијата, лутајќи на патот од зелената трансформација до повторно милитантите, туку единственото нешто кое што мислат дека можат е да мобилизираат и злоупотребат луѓе на национални теми, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање поврзано со тоа дали постои реален страв кај граѓаните за евентуална дестабилизација од страна на ДУИ по укинувањето на „балансерот“.

Нагласи дека на владина седница минатата година, членови на ДУИ ја усвоиле стратегијата за реформа во јавната администрација, која, според Мицкоски, јасно вели дека ќе има бришење на „балансерот“.

– ДУИ во опозиција го демантира ДУИ на власт. Мислам дека на 23 јули 2023 година, на владина седница членови на ДУИ, кои што додека играат фудбалчиња претпоставувам читуцкаат какви реформи носат, една од тие реформи е реформата во јавната администрација, каде што јасно вели дека треба да биде избришан „балансерот“. Сега кое ДУИ ја зборува вистината? Тоа кое што жонглира по канцеларии и гласа вакви реформи во јавната администрација каде што се брише „балансерот“ или ова ДУИ во опозиција кое што грчевито се обидува на национална тема да мобилизира луѓе и да направи протести по можност насилни и да ја дестабилизира Македонија со една цел да ги заштити парите коишто ги имаат натрупано овие 20 и неколку години додека беа дел од власта. Треба да им е јасно на граѓаните кое ДУИ ја говори вистината, дали тоа во 2023 година кога ја усвојува оваа стратегија за реформа во јавната администрација, која што јасно вели дека ќе има бришење на „балансерот“ или ова ДУИ во опозиција, палаво, кое што има многу пари и сака да ги заштити и не може да мобилизира луѓе, па злоупотребува и лаже на национални теми и го критикува ова ДУИ кое што гласало тогаш, рече Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Зголемување на платите на наставниците од само 5% наместо планираните 12% е срамно!

Следно

Полскиот премиер предложи реформи во ЕУ за азил, повика на суспензија на правото за азил

Latest from Blog

ВЛЕН: „Колку подолго ДУИ се во опозиција, толку подобро за Албанците“

ВЛЕН со остри критики кон Демократска унија за интеграција и лидерот Али Ахмети, обвинувајќи ја партијата дека „нема морален кредибилитет да зборува во име на Албанците“. Во партиското соопштение, ВЛЕН наведува дека

Проданоски: Музиката на младите го разубавува секој агол од Прилеп

Успешно се реализираше првиот ден од концертите на отворено во организација на ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп, на кои настапија млади музички таленти на три различни локации низ градот. Градоначалникот

Firestarter 2026: Корисничкото искуство повеќе не е функција – тоа е бизнис стратегија

Компаниите што ќе победуваат во иднина нема да бидат оние што само продаваат производи и услуги, туку оние што создаваат доверба, чувство на припадност и искуства што луѓето ги паметат. Ова беше
Go toTop