Трајков ја отвори конференцијата за Младинско вработување во Битола

October 9, 2024
1 min read

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, утрово во Битола ја отвори последната од циклусот конференции за „Младинско Вработување: Развој на претприемачки и дигитални вештини за иднината“, финансирани преку средства од Европската Унија.

ЗМЕП Трајков ја истакна потребата од активно вклучување на сите чинители во развојот на претприемачките вештини и додаде:

„Еден од главните фокуси на новата Влада е дигитализација на општеството и ние сме цврсто решени овој процес да успее. Со поглед кон 2030 година, анализирзирајќи ги постулатите на дигитализацијата на сите владини услуги целта ќе ни биде борба против корупцијата, подобрени и достапни услуги за граѓаните во целата држава и со тоа младите ќе ја вратат довербата во системот. Дигитализацијата е важен процес на кој што сите ние треба што повеќе фокусирано да работиме“.

Проектот Е-YOUTH се фокусира на подобрување на вработливоста на младите, особено на оние со помалку можности, преку развој на нивните претприемачки и дигитални вештини.

Во текот на 14 месеци, проектот соработуваше со партнери од Македонија, Италија, Турција и Словенија за спроведување на неформални образовни активности и активности за градење капацитети на младински организации.

Целта на проектот е да поттикне соработка, да ги зајакне компетенциите на младите и да придонесе кон имплементација на Европската стратегија за млади.

Проектот е финансиран од програмата Еразмус+ од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Останува ист коефициентот за утврдување на плата на именуваните и избрани функционери

Следно

Перински: Потребен е нов закон за локална самоуправа, средства од унгарскиот кредит побарале 80 општини

Latest from Blog

Муцунски: Услови за уставни измени нема, Берсе оценува наредок од Бугарија за пресудите од Стразбур

Услови за уставни измени нема Причина за тоа е недостатокот на доверба, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски без да прецизира на која држава се однесува недовребата и кој нема кредибилитет

Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ да остане и без последното алиби за изборниот дебакл што ги очекува

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа најави дека ќе предложи до пратениците во Собранието одложување на примената на новиот Закон за
Go toTop