Мисајловски: Го раскинавме договорот со надворешната компанија за кетеринг

October 9, 2024
1 min read

Раскинат е договорот со надворешната компанија што ја снабдуваше Армијата со храна, потврди денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски.

-Еднострано е раскинат договорот кој имаше многу недостатоци. За да не биде политичка одлуката како министер за одбрана направив Комисија заедно со Министерството за одбрана, Генерал-штабот и Армијата која ги прегледа сите записници и констатираше премногу пропусти и заедно со Армијата ни даде препорака да биде раскинат договорот. Договорот е раскинат и течат сите законски прописи, но мене најважно од се ми е да не се наруши борбената готовност и секој припадник на Армијата да биде безбеден, рече Мисајловски во одговор на прашање на отчетот за 100 дена Влада и додаде дека се консултирал со правниот сектор во Армијата и со адвокат за раскинувањето на договорот.

Потенцира дека преку 60 припадници беа затруени заради небезбедната храна што им се служела во кантините и посочи дека здравствените власти најдоа некои бактерии на работните површини што компанијата која вршеше кетеринг не ги отстранила при првата опомена, затоа, како што кажа, овој договор мораше да биде раскинат.

-Согласно Колективниот договор на секој припадник во Армијата и Министерството му следи надомест за хранарина. Бидејќи договорот е раскинат на секој припадник ќе му биде исплатен надомест за хранарина. Во делот на Армијата каде мора да има оброци тоа веќе го регулиравме и ќе се готви во Армијата како што беше и пред неколку месеци, посочи Мисајловски.

Во иднина, како што кажа, може да се спроведат две постапки – целосно да се исплаќа хранарина по основ на Колективен договор или да се распише нова постапка за нова кетеринг компанија за што веќе се обезбедени средствата во буџетот.

-Ќе го избереме она што најголем дел од Армијата и вработените ќе го побараат, потенцира Мисајловски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Клоп ќе стане шеф на фудбалот во Ред Бул

Следно

Мултимедијален настан „Украина е…“ за презентација на вистината за земјата и нејзините традиции

Latest from Blog

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Вежбата се одржа во водите и воздушниот простор околу гребенот Скарборо, кој Кина го нарекува Хуангјан Дао. Тој е побаруван и од Филипините, каде што е познат како Бахо де Масинлок. Кинеската

Најмалку 17 убиени и 15 застрелани во Јоханесбург- напаѓачите со калашникови упаднале во кафеана (ВИДЕО)

Службите за итни случаи прогласиле 13 мажи и 4 жени мртви на местото на настанот, а мотивот за пукањето се уште не е познат, се вели во соопштението на јужноафриканската полициска служба
Go toTop