Се продлабочува „мистеријата“ за спортската сала во Зајас – кој ја гради и каде е документацијата?

October 8, 2024
1 min read

Колку повеќе истражуваме, толку подлабока станува мистеријата за тоа кој ја изградил и каде е документацијата за спортската сала во ОУ Реџе Рушит Зајас. Заменик министерот за образование, Љуљзим Алиу вели дека салата не била дел од проектите на Министерството затоа немаат никаква информација и дека започнале да се интересираат по сторијата на ТВ21.

„Салата е изградена пред повеќе од една деценија на иницијатива на Министерството за локална самоуправа (тогаш на чело со министерот Муса Џафери). За жал, без комплетирање на потребната документација, туку само со идеја да се користи како политички ПР. Спортската сала каква што е не е и не била дел од проектите на МОН. Оттука, министерството нема никакви информации за нејзината изградба и функционирање“, рече Алиу.

Бидејќи Алиу го спомна Министерството за локална самоуправа, го прашавме тогашниот министер Муса Џафери, кој не се сеќава на конкретниот проект.

„Во моментов не се сеќавам како беше случајот! Искрено, Ви кажувам дека треба да се заинтересирам, за евентуално да прашам кои беа пречките што салата не е функционална! Во секој случај, јас сум на располагање за сите прашања што може да ги имате!“, рече Џафери.

Пред една недела од Министерството за локална самоуправа за ТВ21 изјавија дека нема ваков проект финансиран од ова министерство, но откако ТВ21 контактираше со поранешни директори, поранешни градоначалници на општини и со фирмата што ја заврши, ни рекоа дека министерството за кое станува збор беше финансиер на овој проект, поради што ТВ21 продолжува да биде во контакт со Министерството за локална самоуправа за дополнителни информации за спортската сала.

Од друга страна, бидејќи училиштата се во надлежност на општината, заменик министерот за образование ни рече дека на општината е да ја преземе салата во владение од Министерството за локална самоуправа и да обезбеди документи за салата да се стави во функција.

Последните информации на ТВ21 велат дека салата почнала да се гради во 2009/10 година, каде тендерот за истата го имала бугарска фирма, додека работите ги изведувала фирмата „Картел“ од Гостивар. Тогаш салата остана на половина, а работите продолжија во 2013/14 година од фирма „Инсаталими“ од Кичево. По завршувањето на салата, примопредавањето не беше извршено, и салата не беше пуштена во употреба.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата ги задолжи граѓаните кај Орбан

Следно

Милошоски: СДС и ДУИ со билатералните игри и договорот на Османи ја блокираше Македонија на патот кон ЕУ

Latest from Blog

Девет месеци по новиот предлог, законот никако да се донесе: Претседателката помилува, новите правила на чекање

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, неодамна, на 2 Август – Илинден, помилува 25 осудени лица, но и годинава тоа беше направено врз основа на законските одредби донесени уште во 1993 година. Новите

Сити носи замена за Родри од Франција

Мароканскиот репрезентативец Ајуб Боудади ќе биде замената за легендарниот Родри во тимот на Манчестер Сити. Играчит на Лил, кој што е проценет на 100 милиони евра, летово ги промени националните бои и

Речиси 6 милиони денари промет: Макпетрол повторно во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,99 поени. Во однос
Go toTop