Владата ги задолжи граѓаните кај Орбан

October 8, 2024
2 mins read

Во Будимпешта е потпишан договорот за заем со унгарската Експорт-импорт банка. Во име на Владата, договорот го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Заемот, според министерката, се обезбедува по поволни услови, со рок на отплата од 15 години, со вклучен грејс период од 3 години и каматна стапка од 3,25 проценти.

– Одлуката на Владата да го обезбедиме планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година преку билатерален заем од Унгарија, наместо со издавање нова еврообврзница, произлезе како резултат на поволните услови што ги добивме и заштедата што ја правиме само по основ на каматата. Каматните стапки по кои би ја добиле оваа сума на меѓународниот пазар е околу 6 проценти и тоа е голема заштеда по буџетот по овој основ, односно заштеда на годишно ниво од околу 14 милиони евра. Дополнително и рочноста дава предност и помал ризик од потреба за рефинансирање, посочила Димитриеска-Кочоска, посочувајќи дека ваквите услови се резултат на политиките што ги води Владата, за што минатата недела е добиена потврда и од кредитната агенција „Фич“.

Делот  од заемот којшто е наменет за компаниите, според министерката, ќе биде пласиран исто така по поволни услови, што ќе влијае на отпочнување на еден инвестициски цисклус во приватниот сектор од над 500 милиони евра со кој ќе се обезбедат повисоки стапки на економски раст.

До крајот на неделата се очекува парите од заемот да бидат префрлени на сметките во земјата и потоа да почнат да се реализираат согласно планираното.

Дел од парите ќе одат за реализација на капитални проекти во општините. 

Унгарскиот кредит го договорија премиерот Христијан Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на учеството на Самитот на НАТО во Вашигтон, а Законот за заем беше изгласан во македонското Собрание на 17 септември годинава.

Опозициската СДСМ го оцени унгарскиот заем како голем корупциски проект кој ќе го отплаќаат идните генерации и побара Законот да се носи по редовна постапка. Претседателката на собраниската Комисија за финансирање и буџет Сања Лукаревска одби да закаже седница со оваа точка на дневен ред поради што седницата беше свикана од страна на претседателот на Собранието Африм Гаши, а со неа претседаваше пратеникот Бојан Стојановски.

Според поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, политичката цена што можеме да ја платиме како држава за унгарскиот креди може да биде поштетна и поголема, отколку придобивките.  

– Секое едно задолжување треба да има поголема можност за дебата, да не се води во скратена постапка, рече Битиќи за телевизија 24, додавајќи дека еден преседан е што задолжувањето било предложено од пратеник на владејачкото мнозинство, а не од министерот за финансии, а втор преседан е што на расправата не се појавила министерката за финансии, туку заменикот министер од друга политичка партија.

Според премиерот Мицкоски, парите од заемот не се кинески, како што тврди опозицијата, туку се средства земени од земја членка на Европската унија. 

И унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој на 27 септември беше во Охрид каде се одржа седница на двете влади, изјави дека парите не се од Кина. 

– Кинески заем и кинески пари не можеме да даваме, бидејќи Унгарија со Кина има договор сите пари кои доаѓаат од Кина да одат на конкретни проекти за развој во Унгарија. Кинески пари не можеме да ви даваме, а европски пари можеме и ќе ви ги даваме, рече Орбан на прес-конференцијата со премиерот Мицкоски. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Врховен суд: Граѓаните ќе може да ја тужат државата поради загаден воздух

Следно

Се продлабочува „мистеријата“ за спортската сала во Зајас – кој ја гради и каде е документацијата?

Latest from Blog

Општина Битола со поддршка од Владата ги подобрува локалните патишта

Општина Битола во тековната година освен своите програми, ќе реализира и проекти одобрени од вториот повик на Владата за изградба и реконструкции на патишта во населените места во општината. Изградба на коловоз

Општина Битола со апел до сопствениците на напуштени и небезбедни објекти

Општина Битола испрати писмено известување до 24 сопственици на куќи кои претставуваат потенцијална опасност од рушење или паѓање на делови од куќа врз коловоз или тротоар во градот. Од Општина Битола очекуваат

Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови, во фаза на градба се 26.522

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159

Карик: Никој не може да гарантира дека ќе победиме и на следниот натпревар

фото: Manchester Utd (X) Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не верува дека победите на фудбалските натпревари можат да бидат загарантирани. „Црвените ѓаволи“ претходно ја обезбедија својата четврта последователна победа, победувајќи го

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи
Go toTop