Денес ќе биде потпишан договорот за заемот кој Унгарија ѝ го дава на Македонија

October 8, 2024
2 mins read

Во Будимпешта денеска треба да биде потпишан договорот за унгарскиот заем во висина од половина милијарда евра од кои дел ќе бидат наменети за бизнис секторот, а дел за реализација на проекти на општините.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска минатата недела изјави дека на 8 октомври патува за Будимпешта и дека истиот ден ќе го потпише договорот.

Условите под кои се зема заемот, според Владата, се поволни. Кредитот се зема со каматна стапка од 3,25 проценти со три години грејс период и 12 години рок на отплата.

Законот за унгарскиот кредит, што го договорија премиерот Христијан Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на учеството на Самитот на НАТО во Вашигтон, беше изгласан во Собранието на 17 септември годинава.

Намерата на Владата, како што неодамна изјави премиерот Мицкоски, е парите наменети за македонското стопанство да бидат пласирани преку домашните банки под истите услови под кои е земен заемот, а доколку тоа не се случи, тогаш ќе се бараат други начини за да му се стават на располагање овие средства на бизнис секторот.

– Факт е дека тие пари ќе дојдат во Македонија и ќе бидат ставени на располагање на македонската економија и на македонското стопанство. Нашата намера е да биде преку комерцијалните банки бидејќи тие имаат повешти механизми за управување со овие средства и да биде под истите услови под кои го земаме заемот. Доколку тие услови не бидат исти, тогаш ќе се обидеме да најдеме друг начин – дали тоа ќе биде преку Македонската банка за развој или друг механизам, ќе видиме, изјави неодамна Мицкоски при посетата на општина Аеродром.

Дел од заемот е наменет за развој на општините, односно за реализација на проекти од интерес на граѓаните. На јавниот повик  што го распиша Министерството за локална самоуправа пристигнати се 357 апликации од 80 општини.

Според премиерот, парите од заемот не се кинески како што тврди опозицијата, туку се средства земени од земја членка на Европската унија.

И унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој на 27 септември беше во Охрид каде се одржа седница на двете влади, изјави дека парите не се од Кина.

– Кинески заем и кинески пари не можеме да даваме, бидејќи Унгарија со Кина има договор сите пари кои доаѓаат од Кина да одат на конкретни проекти за развој во Унгарија. Кинески пари не можеме да ви даваме, а европски пари можеме и ќе ви ги даваме, рече Орбан на прес-конференцијата со премиерот Мицкоски.

Со законот за заемот од Унгарската Експорт импорт банка, земјава ќе треба да плати провизија за правни услуги во висина од околу 70 илјади евра. Според премиерот Мицкоски, оваа сума е 10 пати помала од она што досега се плаќало за заеми.

– Трошоците изнесуваат 70 илјади евра, тоа е нормална процедура и тоа е 10 пати помалку од тоа што сме го плаќале претходно за заеми. Од овие половина милијарда што ќе бидат земени како заем, овие 70 илјади евра се трошоците и тоа е нешто повеќе од 0,1 процент, изјави Мицкоски.

Во Предлог законот, кој беше донесен по скратена постапка, е наведено дека Република Македонија ќе ѝ плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт – импорт банка и дека провизијата треба да се плати пред повлекување на траншата.

Опозициската СДСМ го оцени унгарскиот заем како голем корупциски проект кој ќе го отплаќаат идните генерации и побара Законот да се носи по редовна постапка. Претседателката на собраниската Комисија за финансирање и буџет Сања Лукаревска одби да закаже седница со оваа точка на дневен ред поради што седницата беше свикана од страна на претседателот на Собранието Африм Гаши, а со неа претседаваше пратеникот Бојан Стојановски.  (МИА)

 

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„НЛБ Обврзници“ нов отворен инвестициски фонд во Македонија

Следно

Нула степени утрово во Берово, осум во Скопје

Latest from Blog

Предложен притвор за лицето во кичевско кое со секира го убил својот татко, а и нанел тешки повреди на својата мајка

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против едно лице осомничено за едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и еден обид за убиство според истата правна

Македонија повторно во европската елита, обезбеди учество на континенталното првенство во ракомет во 2026

Ракометната репрезентација на Македонија триумираше над Литванија со 26:17 (13:11) во дуел од квалификаците за пласман на Европското првенство во 2026 година. По победата пред полни трибини во СЦ „Јане Сандански“, Македонија

Кузмановски: Сакаме да сме пример за младите, како што за нас беа Кире, Столе, Жути

Капитенот Филип Кузмановски повторно ја водеше Македонија до нова победа во квалификациите, овој пат вредна за пласман на ново Европско првенство. „Навистина пред сè сакам да се заблагодарам на целата публика за

Дрво падна врз автомобил во Струмица

Вечерва околу 20 часот, дрво паднало врз автомобил во Струмица, на улицата Ванчо Китанов. Регирала и противпожарната служба, и за среќа нема повредени. „Вечерва (недела) 11.05.2025 година, околу 20.00 часот на ул.Ванчо

Шукова: Чиста животна средина, приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори 

Животната средина треба да ја гледаме како предност, не како трошок, тоа е еден од секторите кои исто така треба да го усогласиме со европските регулативи, порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на
Go toTop