Филипче: Крива Паланка добива пет нови мостови

October 7, 2024
1 min read

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче денеска беше во посета на Крива Паланка, каде присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираниот „Виолетов мост“. Мостот е дел од проектот за обновување на градските мостови, кој вклучува и реконструкција на „Осички мост“ и „Шанин мост“, со вкупна инвестиција од 26.000.000 денари.

“Парите за целиот проект се обезбедени кон крајот на минатата година, од Владата на СДСМ, со прераспределба на 32,5 милиони евра за развојни проекти во 44 општини  ширум државата. Дополнително, Владата на СДСМ преку ТАВ програмата обезбеди реализација на 94 инфраструктурни проекти во општините во вредност од 50 милиони евра. Преку оваа програма, тука во Крива Паланка ќе се реконструираат два моста. Во завршна фаза е реконструкцијата на „Градечки мост“. Жителите на Крива Паланка добиваат и нов спортски терен за мал фудбал, чијашто изградба е финансирана од Развојната програма на општината”, рече Филипче.

Со оваа динамика, до крајот на 2024 година, пет мостови во Крива Паланка ќе бидат целосно обновени и ставени во функција за граѓаните.

Претседателот на СДСМ,Филипче, посочи дека сите овие проекти не се само естетска промена на градот, туку проекти за подобри услови за живот, за рекреација, за подобра поврзаност на градот и олеснет сообраќај, бидејќи визијата на СДСМ е напредок и просперитет на секоја општина, и тоа е видливо онаму каде што градоначалниците се од СДСМ.

“Од друга страна, сведоци сме како се однесуваат други градоначалници. Главниот град за жал е затрупан во ѓубре, со дотраен јавен превоз. Во дел од општините градоначалниците укинуваат мерки од интерес на граѓаните, најавените инвестиции не се реализираат, условите во основните училишта се катастрофални, ученици од дел од градовите се оставени без превоз до училиштата. За 100 дена од ВМРО ДПМНЕ видовме само популистички мерки, лажни ветувања и тотална безидејност. Најавија 100 милиони евра поддршка на општините, но со погрешен метод за исплата, што отвора можност за манипулации и неефикасност во реализацијата на проектите”,изјави Филипче и додаде дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ креира реални проекти со видлив резултат и во интерес на граѓаните.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Комисијата за политички систем го разгледа годишниот извештај за работата на јавните обвинителства

Следно

Струшката носија за влашка млада невеста ја доби првата награда на фестивал во Србија

Latest from Blog

„Загревање“ пред трката за локални избори, официјално дел од имињата ќе бидат познати во јуни

На само пет месеци пред одржувањето на локалните избори, политичките партии се уште не ги откриваат своите адути во трката за градоначалници. Во ВМРО-ДПМНЕ се уште трае процесот на сондирање за можните

Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

„Функциите се минливи, но вредностите остануваат“ – вели потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, во интервју за Фронтлајн, нагласувајќи дека борбата за еднаквост, социјална правда и европски вредности не смее да зависи од

Најмалку 7 лица, од кои 5 се од исто семејство, се убиени во израелски напади врз Газа

ГАЗА (АА) – Седум Палестинци, од кои петмина од исто семејство, се убиени во нападите на Израел врз Појасот Газа, известува Анадолу. Според информациите добиени од здравствени извори, мајката, таткото и нивните

Утре авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 11.05.2025 година (недела), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на
Go toTop