(ВИДЕО) Белата куќа за трите соборени неидентификувани летечки објекти: Не се вонземјани

February 13, 2023
2 mins read

Според она што досега го знаеме, овие објекти немале никаков сопствен погон и се движеле носени од ветрот. Една од причините зошто сега гледаме повеќе од нив е затоа што повеќе ги бараме. Филтрите на радарските системи се изменети и тие сега се полесни за откривање, рече Џон Кирби, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден

Во Белата куќа се одржа прес-конференција по повод соборувањето на три неидентификувани летечки објекти во последните три дена. Американските воени авиони во последните три дена соборија три објекти над Северна Америка, чие потекло сè уште не е познато.

Прес-конференциите во Белата куќа обично ги одржува портпаролката Карин Жан-Пјер, но денеска ѝ се придружи и Џон Кирби, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден.

„Кога зборуваме за рушење на овие објекти, нема докази за вонземјани или вонземски активности“, рече портпаролката Жан-Пјер на почетокот на прес-конференцијата, а потоа со насмевка на лицето рече дека го сака филмот Ити, но сака да ја убеди американската јавност дека „нема индикации дека на Земјата се појавиле објекти од други планети“.

Кирби рече дека САД и Канада почнале многу повнимателно да го следат нивниот воздушен простор по појавувањето на кинескиот балон над територијата на САД.

„Таквите објекти тешко се откриваат, тие се многу мали и оставаат многу мал радарски одраз. Дури и кинескиот балон не беше лесен за откривање, а беше многу поголем“, рече Кирби, додавајќи: „Сè уште не успеавме да ги идентификуваме овие три објекти“.

Кирби рече дека „не може јавно да навлегува во многу детали“, додавајќи дека Соединетите Држави тврдат дека Кина има програма за балони на голема височина поврзана со кинеската војска.

„Ги имаше и порано, но тие не беа откриени од администрацијата на Доналд Трамп, туку од администрацијата на Џо Бајден“,

рече тој.

Новинар потоа го праша Кирби дали САД имаат шпионски авиони над Кина.

„Немаме шпионски балони над Кина. Не сум свесен дека имаме каков било друг авион во кинескиот воздушен простор“,

рече Кирби.

За потсетување, Кина денеска соопшти дека Америка испратила неколку балони во кинескиот воздушен простор.

Кирби потоа се врати на темата за трите урнати летечки објекти.

„Не оценуваме дека овие објекти претставуваат директна закана за луѓето на земјата. Ги бараме остатоците од објектите кои беа урнати над ненаселени области“,

додаде тој.

На прашањето зошто беа урнати, Кирби одговори:

„Нивната надморска височина беше значително помала од онаа на кинескиот шпионски балон и можеше да влијае на комерцијалниот воздушен сообраќај. Затоа претседателот Бајден, во консултација со воените команданти, издаде наредба да ги соборат. Не можевме да исклучиме дека ги набљудувале нашите воени инсталации. Постапивме внимателно за да ги заштитиме американските интереси и безбедноста на комерцијалните летови.

Според она што досега го знаеме, овие објекти немале никаков сопствен погон и се движеле носени од ветрот. Една од причините зошто сега гледаме повеќе од нив е затоа што повеќе ги бараме. Филтрите на радарските системи се изменети и тие сега се полесни за откривање, додаде Кирби.

„Знаеме за балонот дека е кинески, тие самите признаа. Тие тврдат дека не бил шпионски, но ние знаеме дека е. Сè уште никој не ја презел одговорноста за овие три објекти. Не знаеме што ќе се случи понатаму и каква ќе биде практиката во иднина, ние сме на неистражена територија“,

рече Кирби.

Висок функционер на Пентагон неодамна изјави дека „не може да се исклучи“ можното вонземско потекло на трите соборени објекти. Запрашан од еден новинар дали може да биде исклучено сега, Кирби рече:

„Мислам дека американската јавност не треба да се грижи за вонземјаните“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Навивач влета на теренот и удри играл, настана тотален хаос

Следно

Турција: 1,2 милиони луѓе останаа без покрив над главата

Latest from Blog

Трамп вложува 3 милијарди долари во рударството: САД се враќаат како минерална суперсила

 Од целиот пакет, една милијарда долари ќе биде вложена во проект за ископ на бакар.  Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет и дека САД сакаат да ја вратат позицијата на

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране

Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи. -Во гасењето се ангажирани три авиони

МБИ10 со благ раст на Македонската берза, прометот над 4,2 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 12.08.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.246,71 поени. Во однос

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и
Go toTop