АНАЛИЗА: Ковачевски ќе добие меѓу 63 и 66 гласа „за“ реконструкција на Владата

February 13, 2023
2 mins read

Математиката, во која влегуваат повеќе варијабли во кои се артикулирани ставовите на „огнената група“ на ДУИ, два-тројца независни пратеници кои претходно беа дел од Алтернатива и Беса, а сега дејствуваат како независни, како и пратеникот на актуелното мнозинство Павле Трајанов, покажува дека бројот на пратениците што би ја поддржале реконструкцијата на Владата би требало да се движи од 64 до 66 народни претставници

Бројката од 64 пратеници може да се намали уште за еден доколку Мендух Тачи од Демократската партија на Албанците реши да не даде поддршка, со оглед на тоа што членовите од Алијанса за Албанците претходно беа дел од ДПА, а Тачи неодамна доби и двегодишна затворска казна во повтореното судење во случајот „Титаник 2“

автори: Бранислав Закев и Катерина Спасовска-Трпковска

Во пресрет на денешната собраниска седница, на која на дневен ред се оставките и разрешувањата на дел од актуелните и расправа и гласање за избор на нови министри и заменик-министри, едно од прашањата што се наметнува е колку пратеници ќе дадат поддршка за предлогот на премиерот Димитар Ковачевски за реконструкција на Владата.

Седница на Собранието на РСМ/Илустративна фотографија/Фото: Архива

Досегашното владино мнозинство во Собранието имаше 64 пратеници на хартија (иако секогаш не беше така и во пракса). Во таа бројка од 64 беа тројцата пратеници на Алтернатива кои од вчера веќе не се дел од владејачкото мнозинство и најавија дека ќе дејствуваат како опозиција.

Од Алтернатива во Собранието беа Африм Гаши, Хусни Исмаили и Сафије Садики Шаини. Алтернатива во својот табор во Собранието имаше уште еден пратеник – Скендер Реџепи Зејд, но тој на 11 јуни реши да ја напушти партијата и оттогаш во парламентот дејствува како независен.

Со излегувањето на Алтернатива од Владата, мнозинството останува со 61 пратеник. Новиот партнер на владејачкото мнозинство – Алијанса за Албанците во Собранието има осум пратеници, што парламентарното мнозинство, според математиката, треба да го искачи до бројката од 69.

Сепак, не може да се каже дека оваа бројка ќе го отслика владејачкото мнозинство и во реалната конјуктура бидејќи проекцијата од 69 пратеници на „стаклени нозе“ ја држат тројцата пратеници од т.н. „огнена група“ на ДУИ, кои најавија дека нема да гласаат за денешниот предлог на премиерот Димитар Ковачевски.

Пратеникот од редовите на ДУИ и член на „огнената група“ од оваа партија, Изет Меџити, вели дека „огнените“ нема да ги поддржат предложените промени во Владата.

Освен Меџити, дел од т.н. „огнена група“ се и пратеничката Мерита Коџаџику и пратеникот Кастриот Реџепи, кој по разидувањето со Беса дејствува како независен во парламентот, а се појавува на теренските средби што „огнените“ ги имаат со членови на ДУИ.

Со нивно негласање за предлог-реконструкцијата, владиното мнозинство од 69 пратеници се намалува на 66.

Она што останува нејасно е дали Скендер Реџепи Зејд, кој дејствува како независен, ќе биде „за“ предлогот на Ковачевски. „360 степени“ веќе објави дека тоа што заменик-министерот за култура Даим Лучи, избран на предлог на Алтернатива, не е на списокот на Ковачевски за разрешувања може да се смета како сигнал дека станува збор за кадар близок на Реџепи Зејд, а соодветно на тоа и дека независниот пратеник би гласал „за“ предложената реконструкција.

Исто така, неизвесно е и дали Павле Трајанов, кој е единствен претставник на Демократскиот сојуз во Собранието и е дел од парламентарното мнозинство, ќе ја даде поддршката за реконструкцијата на Владата. Тој најави дека сака да ги види програмските определби на Алијанса за Албанците (АА) пред да донесе конечна одлука дали ќе ја поддржи владината реконструкција.

Претходно, на 20 јануари, лидерот на Демократскиот сојуз во гостување на ТВ Сител рече дека нема да гласа за влада што го нарушува основниот принцип на соодветна и правична застапеност во органите на власт.

Тој тогаш изјави дека ќе почека прво да види како ќе биде компонирана владата, посочувајќи дека доколку ДУИ, Алијанса за Албанците и Алтернатива се согласат да поделат места во Владата, во тој случај ќе поддржи таква влада, но, како што рече, „ако се нарушуваат основните принципи, овој преседан може да направи опасни поделби во државата“.

Доколку Реџепи и Трајанов не ја поддржат предлог-реконструкцијата, бројот на оние што би гласале „за“ би паднал на 64 пратеници.

Бројката од 64 пратеници може да се намали само доколку Мендух Тачи од Демократската партија на Албанците реши да не даде поддршка, со оглед на тоа што членовите од Алијанса за Албанците претходно беа дел од ДПА, а Тачи неодамна доби и двегодишна затворска казна во повтореното судење во случајот „Титаник 2“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ако сте во Австралија или Нов Зеланд не паничете кога ќе почне нуклеарната апокалипса

Следно

Туркије: На осмиот ден од потрагата во Адијаман, шестгодишно девојче е спасено од урнатините

Latest from Blog

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Преспа“ посветена на областа Преспа (ФОТО)

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Преспа“ посветена на областа Преспа, содржи 8 фотографии за овој крај значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство, која е авторско дело

Коњановски: Време е за модернизација и инвестиции во битолските претпријатија

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во обраќање до граѓаните истакна дека јавните претпријатија се соочуваат со предизвици кои влијаат на нивната работа и дека е потребно да се подобри нивната ефикасност и

ВМРО-ДПМНЕ со реакција: Ленче беше дел од криминалната мрежа на СЈО и сега наместо да се извини глуми жртва

Обвинителката Ленче Ристоска беше дел од СЈО, кое заврши со криминален скандал и рекетарска мрежа вредна неколку милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Како дел од таа мрежа, правосилно беше осудена нејзината шефица,

ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска не е жртва, туку дел од проблематичниот систем

Обвинителката Ленче Ристоска беше дел од СЈО, кое заврши со криминален скандал и рекетарска мрежа вредна неколку милиони евра, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Како дел од таа мрежа, правосилно беше осудена нејзината шефица, Катица

Јелена Карлеуша го пријавила Душко Тошиќ: Провалил во станот каде што живее со ќерките, реагирала полиција

Полицијата пристигнала во Дедиње, а според информациите на српски „Курир“, по околу дваесет минути, Душко Тошиќ наводно ја напуштил куќата во придружба на двајца униформирани полицајци. Откако го забележал присуството на медиумите, наводно
Go toTop