Муртезани: Членките на ЕУ се подготвени да ни помогнат за побрзо заокружување на пристапниот процес

September 24, 2024
2 mins read

Земјите членки на ЕУ се подготвени да ни помогнат во процесот на пристапување кон Унијата, со цел да го заокружиме колку што е можно најбрзо, изјави за МИА министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој денеска во Брисел учествуваше на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК).

Главна тема на заседанието на ГАК беше Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2024 година, со кој годинава покрај земјите членки на ЕУ, првпат беа опфатени и четирите држави од Западниот Балкан вклучени во пристапниот процес – Северна Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.

– Тоа што земјите кандидати од Западниот Балкан првпат се вклучени во механизмот на владеење на правото, којшто до сега беше исклучиво наменет само за земјите членки, е многу битен чекор во тоа што ние го нарекуваме „фејзинг ин“ (постепено вклучување) и ова е уште една потврда дека ЕУ се отвора кон земјите кандидати и постојано не вклучува во механизмите коишто се само за членките во ЕУ, порача Муртезани, кој воедно е и главен преговарач на земјава со Европската Унија.

Тој посочи дека главен акцент во дискусиите на состанок бил ставен на владеењето на правото, односно на состојбите во правосудството и реформите на правосудниот систем, борбата против корупцијата и организираниот криминал и слободата на говорот и медиумите.

– Досегашните напори на земјите кандидати, а во случајов и на Република Северна Македонија, секако дека се добро прифатени и бевме охрабрени да продолжиме со реформите. Пред нас се големи пречки и предизвици, коишто сме цврсто решени да ги надминеме, рече Муртезани.

Министерот посочи дека новата Влада мора особено да посвети внимание и во скора иднина „да ги санира последиците нанесени од претходната Влада со донесувањето на Кривичниот законик“, кој, како што нагласи, во Брисел го гледаат како на антиевропски и во спротивност со европските вредности.

– Мора да донесеме Кривичен законик којшто е согласно стандардите на Европската Унија, за тоа да не стане пречка за понатамошното напредување на земјата кон полноправно членство, потенцира Муртезани.

Во однос на забелешката во Извештајот за злоупотреба на инструментот „европско знаменце“ за носење закони по забрзана постапка, Муртезани нагласи дека партиите од сегашната владина коалиција уште кога беа во опозиција ја критикуваа ваквата пракса и за усвојување на законски решенија коишто немаа никаква врска со ЕУ и европското законодавство.

– Таа пракса веќе се напушта во Собранието. Ние мора, и Собранието и сите институции, да ги хармонизираме со начинот на функционирање којшто го бара ЕУ. Во Извештајот, а и денеска на состанокот, беше упатена многу силна порака дека во Собранието не треба да се гледаат тесните политички интереси, туку дека помеѓу сите во Собранието мора да постои дијалог за стратешката определба, односно за стратешките насоки на државата, потенцира Муртезани во изјавата за МИА.

За време на денешниот престој во Брисел, Муртезани имаше и куси средби и со колегите од трите други земји кандидати за членство во ЕУ од Западниот Балкан, како и со некои од министрите учесници на заседанието на ГАК, меѓу кои и со германската државна министерка за Европа, Ана Лирман и со новиот француски министер за Европа и надворешни работи Жан-Ноел Баро.

На средбите било договорено Муретзани и Лирман да одржат билатерална средба на 14 октомври во Брисел, додека новоименуваниот француски министер најавил интерес да ја посети земјава.

– Постојат голем број на сфери и области каде што ние може да учиме од нив и од сите европски земји. Мојата импресија од состанокот е дека сите се спремни да ни помогнат, со нивна експертиза или со каква било помош, во овој процес (на евроинтеграција), којшто за нашата земја станува предолг, за да го заокружиме колку што е можно најбрзо, порача Муртезани.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

УПОТРЕБИВ 4 ФИЛТРИ ЗА ДА ЈА ДОБИЈАМ ТАА КРВАВО-ЦРВЕНА БОЈА ВО „ЧУДЕСНАТА СУДБИНА НА АМЕЛИЈА ПУЛЕН“, РЕЧЕ КИНЕМАТОГРАФЕРОТ ДЕЛБОНЕЛ ВО БИТОЛА

Следно

Ердоган пред Генералното собрание на ОН: „Што чекате за да го спречите геноцидот во Газа?“

Latest from Blog

Социјалната мобилност во Германија значително се намали, нееднаквоста во пораст

Социјалната мобилност, т.е. способноста на поединците да го променат својот социјален и економски статус во однос на своите родители, бележи значителен пад во Германија од 1970-тите години, според нова студија на Институтот

Муртезани денеска учествуваше на Амбасадорската конференција #Diplo2025

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествуваше на Амбасадорската конференција #Diplo2025, што денес и утре се одржува во Тирана, Албанија. Министерот Муртезани беше говорник на панелот на тема „Албанците во регионот

Строги правила и мониторинг за малите хидроцентрали – решение за стабилна енергија

Македонија е соочена со енергетска саморанливост и застарени капацитети за базно производство на електрична енергија. Потребно е што поскоро да се изградат нови производствени капацитети за базно производство на електрична енергија, како хидроелектрани и гасни когенеративни

Ѓорѓиевски најави: Скопје станува нова дестинација на фестивалот „EXIT“

Градот Скопје од следната година ќе биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации – „EXIT“. Веста ја потврди основачот на фестивалот, Душан Ковачевиќ, по средбата со градоначалникот на општина
Go toTop