Билансот на загинати во израелските напади во Либан се искачи на 558

September 24, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Бројот на загинати во тековните израелски воздушни напади во Либан се искачи на 558 лица, соопшти денес либанскиот министер за здравство, Фирас Абијад, јавува Анадолу.

Меѓу загинатите има 50 деца и 95 жени, а повредени се најмалку 1.835 лица, додаде тој на прес-конференцијата во Бејрут.

„Повеќето од жртвите во израелските напади од вчера наутро се беспомошни цивили во нивните домови. Со ова се побиваат наводите на непријателот за нишанење борци“, нагласи министерот.

Израелските напади принудија илјадници Либанци да ги напуштат своите домови во јужен Либан бегајќи кон главниот град Бејрут и северните делови на земјата, јави репортерот на Анадолу.

Израелската Армија тврди дека погодила над 1.100 цели на Хезболах во последните 24 часа во јужниот и источниот дел на Либан, користејќи над 1.400 видови различни муниција во околу 650 налети на нејзините борбени авиони.

Хезболах и Израел разменуваат прекуграничен оган од почетокот на израелската војна во Газа, во која од 7 октомври загинаа над 41.400 Палестинци, од кои мнозинството жени и деца.

Израелските сили ги интензивираа нападите врз Либан игнорирајќи ги предупредувањата на меѓународната заедница дека ризикуваат проширување на конфликтот од Газа во други региони.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

БИДИ АКТИВЕН! Отворена Европската недела на спортот

Следно

Тренерот на Партизан си поднесе оставка

Latest from Blog

Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар

Некогаш важеше непишаното правило дека овошјето и зеленчукот секогаш се купуваат на пазар бидејќи таму се најевтини. Денес, сликата е поинаква. Споредбата на цените покажува дека за голем број сезонски производи маркетите

22 пожари на отворен простор утрово

Вупно 22 пожари на отворен простор се регистрирани изутринава до 07:30 часот, од кои активни нема, под контрола нема, а 22 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. ЦУК информира

Возиња конечно промовиран во Коло Коло

Голманот на репрезентацијата на Зеленортски острови, и сензацијата од последниот Мундијал во САД, Мексико и Канада, 40. годишниот Возиња конечно е промовиран како нов член на чилеанскиот тим на Коло Коло. Тој

ТЕЖОК УДАР: Путин потпиша закон насочен кон Руси во егзил осудени во отсуство

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воведуваат широки финансиски, имотни и конзуларни ограничувања за Русите што живеат во странство, а се осудени во отсуство. Ова важи и за законот
Go toTop