Муцунски: Одлична и конструктивна средба со Герапетритис, заеднички ќе работиме да ги реализираме обврските од Преспанскиот договор

September 23, 2024
1 min read

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денешната прва билатерална средба со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис ја оцени како одлична, позитивна и конструктивна. На средбата која се одржа во просториите на Мисијата на Грција во ОН во Њујорк, било отворено прашањето и за примена на Преспанскиот договор.

– Сметам дека во духот на добрата верба и во духот на почитувањето на обврските кои произлегуваат од меѓународното јавно право заеднички ќе работиме сите да ги реализираме обврските кои што ги имаме, изјави Муцунски по средбата, јави известувачот на МИА од Њујорк.

Оценувајќи ја средбата како одлична, позитивна и конструктивна, македонскиот министер инфирмираше дека на неа се разговарало „многу повеќе за она што може да не обедини отколку она што може да не раздели“.

– Зборувавме за коридорот 10, за енергетското поврзување, за стимулирањето на трговијата и деловната активност од двете страни за потребата од подобување на меѓусебните политички односи и за тоа како да го движиме процесот на европска интеграција напред, рече Муцунски.

Ние како мала земја која што не излегува на море, нагласи тој, особено значење ставаме на меѓународното јавно право бидејќи тоа на нас ни значи многу од повеќе гледни стратешки точки.

– Затоа сметам дека е добро што се видовме. Се договоривме понатаму да имаме активна комуникација по однос и на предизвиците кои секако ќе се појавуваат помеѓу двете држави. Очекуваме денешната средба да биде отворање на еден нов лист на односите помеѓу двете влади на добра комуникација, и повторно ќе кажам да разговараме за многу проекти кои заеднички можеме да ги реализираме, а кои што ќе донесат економска благосостојба и за двете држави и народите на двете држави и подобро поврзување и од инфраструктурна и од енергетска гледна точка, рече Муцунски.

Првите чекори што треба да се преземат и за кои се разговарало, кажа тој, се засилена динамика на средби помеѓу двете страни, не само помеѓу министрите за надворешни работи туку и други ресори кои имаат заеднички теми на интерес, во интерес на двете држави.

– Зборувавме за засилувањето на трговската размена помеѓу двете страни со некои конкретни идеи кои ќе произлезат во иднината. Мислам дека доколку превземаме позитивни лекори односите ќе стануваат се подобри и подобри, рече Муцунски.

Тој го поканил грчкиот министер за надворешни работи Герапетритис кога ќе може да дојде во посета на нашата земја. – Протоколарно сега е на редот на посета од страна на Грција да ја посети државата, додаде Муцунски.

Министерот кажа дека засега нема најава за средби на претседателско или на премиерско ниво.

Муцунски и неговиот грчки колега учествуваат на активностите во рамки на 79. Генерално Собрание на ОН во Њујорк. Тука исто така е и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, вицепремиерот Изет Меџити, а денеска допатува и министерот за здравство Арбен Таравари. Во Њујорк е и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, но исто така и многу други светски лидери.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хаџиу: ДУИ, Арсовска и Левица го враќаат Ќосето, игнорирајќи ги реалните потреби на граѓаните

Следно

Тошковски: Имплементирањето на научната мисла и достигнувања овозможува подобро да се подготвиме за сите предизвици кои се клучни за безбедноста на државата

Latest from Blog

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на 324 килограми марихуана

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице.

ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА БАТЕРИСКИ СИСТЕМИ – КЛУЧЕН ЧЕКОР ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА

ФЕРОИНВЕСТ продолжува со поставување батериски системи на фотонапонски електрани, помагајќи им на електраните да го издржат прекумерното производство на електрична енергија преку ден, и да ги заштити нив од ниски цени и

Американски носач на авиони се враќа дома. Екипажот се жалел на тешките услови

Централната команда на САД (CENTCOM) објави фотографии од носачот на авиони „УСС Џорџ Х.В. Буш“ во Арапското Море, со што се потврдува замената на екипажот на носачот „УСС Абрахам Линколн“ по неколкумесечни
Go toTop