Николоски-Сориано Ортиз: Воспоставување на авиолинии меѓу Македонија и Шпанија

September 23, 2024
1 min read

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз.

На средбата, министерот Николоски ги потврди добрите билатерални односи со Шпанија, нагласувајќи ја поддршката што ја овозможува Шпанија во процесoт на интергација на земјата во Европската Унија.

Посебен фокус на средбата се стави на можноста на воспоставување на нови авиолини меѓу двете земји, притоа министерот Николоски го запозна амбасадорот Сориано Ортиз со условите од веќе објавениот јавен повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид.

Исто така министерот Николоски го информираше амбасадорот и за инвестиционата програма во делот на инфраструктурата.

Македонија е земја која нуди конкурентни услови за инвестирање, потенцираше министерот Николоски, упатувајќи повик до заинтересирани компании од Шпанија да инвестираат во земјава.

На средбата беа разменети и мислења и ставови и за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот.

Министерот изрази благодарност за досегашната соработка а двајцата соговорници се согласија за интензивирање на таквата соработка меѓу Македонија и Шпанија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерство за одбрана: Комисија ќе ги преиспита сите неправилности и недостатоци по пријавените стомачни тегоби на лица од Воената академија

Следно

Либанскиот министер за здравство: Во израелските напади убиени 274 лица

Latest from Blog

На трибините и на теренот се чудеа, но судијата за овие фаули досуди четири пенали на Македонија У21 – Русија У21 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Дуелот ќе се памти по четирите пенали кои беа досудени, по
Go toTop