Фестивалот „Ла Мерс“ во Барселона, Шпанија

September 22, 2024
1 min read

БАРСЕЛОНА (АА) – Луѓе облечени во костими танцуваат со огномет, тапани и факели низ Пасео де Грација за време на Фестивал „Ла Мерс“ во Барселона, Шпанија, известува Анадолу.

Традиционалниот каталонски настан „корефокс“ се одржа синоќа на улиците на Барселона, Шпанија за време на прославата на фестивалот „Ла Мерс“.

Корефокс е еден од највпечатливите карактеристики на фестивалот во Каталонија. Станува збор за поединци кои облечени како ѓаволи шетаат со запалени пиротехнички средства фиксирани на ѓаволска вила. Танцувајќи во ритамот на тапани, тие со запалени пиротехнички средства во рацете шетаат меѓу толпата гледачи. Гледачите кои сакаат да учествуваат во настанот се облекуваат за да се заштитат од мали изгореници во обидот да се приближат што е можно поблиску до „ѓаволите“, трчајќи покрај нив. Останатите го следат настанот од „безбедно“ растојание.

Овој традиционален каталонски настан датира уште од 12. век. Секој ден за време на фестивалот на улиците на Барселона се организираат паради, огномет, традиционални танцови и музички настани, а се формираат и „кули од луѓе“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Учество на Муцунски на 79-та сесија на Генералното собрание на ОН

Следно

Од 6 до 18 часот утре посебен сообраќаен режим во Битола

Latest from Blog

Kurti takohet me presidentin e Bankës Botërore

Kryeministri i Kosovës, Albin Kurti, gjatë qëndrimit në Nju Jork për Asamblenë e Përgjithshme të Organizatës së Kombeve të Bashkuara (OKB), ka takuar presidentin e Bankës Botërore, Ajay Banga. Kurti ka bërë

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност
Go toTop