Мицкоски најави нова обиколница во Општина Штип следната година

September 20, 2024
1 min read

Мене ми претставува чест и задоволство што на самиот почеток на овој преубав настан каде што, како што кажа и градоначалникот, очекуваме голема потрошувачка на штипскиот специјалитет надалеку познат, штипската пастрмајлија, изјави за медиумите претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Очекувам граѓаните да си поминат убаво. Сите оние коишто овој викенд имаат дилема како да го поминат, еве ги поканувам овде во Штип на уживање во штипскиот специјалитет, штипската пастрмајлија, на многу убава музика и се надевам дека ќе остане ова како една традиција и во годините коишто следат. Меѓу другото, денеска сме и на еден преубав настан, ова што денеска преставува шеталиште, еден проект којшто е финансиран целосно од страна на Општина Штип. Но, исто така, и градоначалникот, го најави проектот којшто ќе биде финансиран од централната Влада, тоа е обиколницата. Проект којшто во оваа фаза ќе биде со вредност нешто помала од 2 милиони евра, но затоа во почетокот од следната година повторно планираме сериозни инвестиции во општините и повторно ќе има јавен повик преку Министерството за локална самоуправа и тука очекувам дополнителни проекти за штипјани, коишто ќе произлезат од страна на Општината, а знам дека и градоначалникот и советниците и администрацијата и пратениците од овде од Штип работат многу, работат заеднички и знам дека такви проекти веќе се подготвени и чекаат практично на реализација, истакна Мицкоски.

Така што, уште еднаш еве посакувам успешен настан овој викенд и посакувам да тие коишто ќе дојдат овдека во Штип навистина се забавуваат и си поминат убав викенд, додаде Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарија тврди дека фирмата „Норта Глобал“ нема никаква врска со пејџерите, сопственикот никогаш не стапнал во Софија

Следно

Поради Мбапе: Винисиус и Белингем добија зголемување на платите!

Latest from Blog

Јувентус и официјално има нов голман

Досегашниот голман на тимот на Тотенхем, Гиљермо Викарио и официјално е претставен како нов чувар на мрежата на тимот на Јувентус. Во објавата од Торино се вели дека Викарио на крајот од

Лукашенко доби пушка на подарок: „Не за војна… За безбедност во мир!“

Лукашенко посети компанија која развива високотехнолошки производи за воени и цивилни цели, а во таа пригода му беше врачена автоматска пушка „VSK-100B“. Подарокот беше придружен со плоча со натпис: „Не за војна…

Претседателот на Собранието Гаши на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствуваше на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата – 18 Август. Во рамки на одбележувањето, претседателот Гаши ја упати својата благодарност до сите припадници

Проданоски: Сите ресурси се активирани за пожарот кај Чаниште

Пожарот што го зафати селото Чаниште и дел од околината во Мариовскиот регион претставува сериозен предизвик, но најважно е што во огнената стихија нема човечки жртви, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан
Go toTop