Триесетдневен притвор за мажот кој е осомничен за нападот на српските момчиња во Косово

January 8, 2023
1 min read

Во соопштението на Основниот суд во Урошевац се наведува дека постои освовано сомнение оти осомничениот Азем Куртај со умисла се обидел да им ги одземе животите на Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21), откако по вербалната расправија која се случила на местото на настанот, тој извадил огнено оружје и пукал двапати при што ги повредил момчињата

Основниот суд во Урошевац му изрече триесетдневен притвор на 33-годишниот Азем Куртај кој е осомничен дека на 6 јануари пукал и ги ранил двете момчиња од српска националност во Штрпце.

Во соопштението на Судот се наведува дека постои освовано сомнение оти Куртај со умисла се обидел да им ги одземе животите на Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21), откако по вербалната расправија која се случила на местото на настанот, тој извадил огнено оружје и пукал двапати при што ги повредил момчињата.

„Кога со својот автомобил пристигнал на влезот во селото, забележал неколку граѓани на крајот од патот и за да ги избрка, свикал. Не можејќи да продолжи, го запрел автомобилот и по вербална расправија, извадил револвер и испукал двапати нанесувајќи им телесни повреди на момче и млад човек. Тие прво биле упатени во Здравствениот дом во Штрпце, а потоа во болницата во Грачаница“,

се вели во соопштението на Судот.

Оттаму се додава дека обвинетиот предизвикал и голема опасност по животот на луѓето, откако на 6 јануари во Брезовица, општина Штрпце со своето оружје испукал пет пати во воздух поради тоа што имало застој на коловозот.

„Откако со својот автомобил „голф в“ не можел да се приклучи на патот што води кон Ски-центарот Брезовица поради застој на коловозот, свртел кон Штрпце и со револвер „мосберг“ пет пати испукал во воздух, со што извршил кривично дело ‘создавање општа опасност’“,

се додава во соопштението.

Судија на претходна постапка го одобри барањето на државниот обвинител за определување мерка притвор против обвинетиот заснована согласно одредбите од Кривичниот законик на Република Косово и на истиот му е одредена мерка притвор во траење од еден еден месец.

Претходно, осомничениот беше сослушан на затворена судска седница во врска со инцидентот.

По седницата, адвокатот на осомничениот, Наим Ферати, изјавил дека неколку секунди пред инцидентот кој се случи пред два дена, неговиот клиент бил нападнат со некој предмет и бил навредуван, по што пукал во самоодбрана. За да се заштити од опасноста, според адвокатот Ферати, неговиот клиент пукал двапати, но не во толпата која наводно му се заканувала, туку еднаш во воздух и еднаш во асфалтот.

Нападот на српските момчиња во Косово беше причина денеска во Штрпце да се одржи масовен протест на косовските Срби.

Протестот беше инициран од политичката партија на српското малцинство во Косово, Српска листа, а нејзиниот претседател Горан Ракиќ на денешниот протест порача дека оти на северот на Косово продолжува „диктаторкскиот режим на косовскиот премиер Албин Курти“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УНХЦР: Војната во Украина предизвика најголем бран бегалци од Втората светска војна

Следно

ИЗДАДЕНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЦУНАМИ – силен земјотрес од 7 степени во оваа земја пред само неколку минути

Latest from Blog

Медведев: Нашето трпени не е бесконечно, останува нуклеарната опција

Во интервју објавено денес, Медведев ги отфрли толкувањата дека реториката на неговата земја за употребата на нуклеарно оружје е само низа „навестувања“, објави весникот „Ведомости“. „Ова не е тактика на заплашување, туку

Лавеци има сериозни психички проблеми (ВИДЕО)

Некогашната аергентинска фудбалска звезда, Езекил Лавеци, кој славата ја стекна во Наполи односно ПСЖ, во моментов има 41. година и објави во јавноста дека се соочува со сериозни психички проблеми. Додаде дека

Трамп ветува по 5.000 долари за сите возрасни Американци ако Републиканците победат на изборите во ноември

Американскиот претседател  Доналд Трамп на конвенцијата на Републиканската партија во Далас им вети по 5.000 долари на сите возрасни граѓани на САД доколку Републиканците ја задржат контролата врз Конгресот по меѓуизборите на почетокот

8,6 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 10.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.177,56 поени. Во однос
Go toTop