Наградниот фонд на Дијамантската лига достигна рекордни 9.2 милиони долари

September 18, 2024
1 min read

Наградниот фонд на митинзите од атлетската Дијамантска лига следната година ќе изнесува рекордни 9,24 милиони долари, објавија денеска организаторите.

-Ова е речиси една третина повеќе од износот кој беше исплатуван во периодот на ковид пандемијата од 2021 до 2024 година, се наведува во соопштението.

Организаторите нагласија дека кога на наградните фондови ќе се додадат и дополнителните трошоци, како тие за патување и сместување, вкупната сума што ќе биде исплатена ќе надмине 18 милиони долари.

Награден фонд од 500.000 долари е обезбеден за секој од митинзите во текот на сезоната, додека наградите по дисциплина ќе варираат меѓу 30.000 и 50.000 долари, а вкупно 2,24 милиони долари ќе бидат распределени во финалето на Дијамантската лига.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Унгарската Влада вели дека пејџерите што експлодираа во Либан никогаш не биле во земјата

Следно

Турскиот претседател во Анкара го прими претседателот на полскиот Парламент

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop