Илина и Ева Соколовски ја носат Македонија на Балканско првенство во гимнастика во Црна Гора

September 18, 2024
1 min read

Македонските сонца Илина и Ева Сколовски, најдобрите наши гимнастичарки, заедно со ФГСМ, по вторпат ќе ја носат Македонија на Балканското првенство, што ќе се одржи од 26-29 овој месец во Будва, Црна Гора. Тие ќе се натпреваруваат на музиката од песната „Кога паднав на Пирина“.

Токму затоа овие две сестри летоvо место да одмoраат интензивно тренираа. Бидејќи со родителите живеат во Германија, летниот распуст во татковината го искористија за тренинзи на домашен терен.

Приватна архива

-Ние две сме подготвени. Јас ќе настапам во сениорска конкуренција, додека Ева ќе се натпреварува во јуниорска до 16 гидини. Подготовките ги правевме во Македонија, од каде и потекнуваме. Трениравме во салата „Гоце Делчев“ во населбата Илинден, па затоа сакаме да се заблогодариме на вработените и Општина Илинден, секогаш беа подготвени да ни овозможат на тие високи температури, да тренираме во салата. Кога се заблагодаруваме не сакаме да ја заборавам и Црногорската федерација, која мене ми дозволи да тренирам со црногорските репрезентативки, затоа само ќе кажам дека се луѓе со големо срце срце, како планина, вели Илина и додава дека на покана од гимнастичкиот клуб „Авангард“ од Прилеп одржалме еден тренинг со гимнастичарките.

– Навистина имаме прекрасни дечиња кои на +40 тренират со задоволство. Нормално, патот до успехот е тежок, потрено е многу да се работи, да се тренира, но за тие услови што ги имат децта се супер. Затоа ќе бидам искрена и отворена и јавно ќе кажам дека Македонија ја носев на неколку натпревари низ Европа, особено во Германија, во Бундеслига, каде се натпреварувам како Македонка и го отварам патот на помладите гимнастичари, вели Илина.

Приватна архива

Со оглед на големото искуство и со безбројните трофеи шти таа ги има освоено посочи дека крајно време е државата да и потпомогне на гимнастиката.

-Барем за основните работи, барем еден најобичен тепих за тренирање да се набави. Бидејќи имам големо искуство во овој спорт, би сакала лично да зборува со министерот, Борко Ристевски, на кој би му ги посочила потребите на македонските гимнастичарки, а со тоа би помогнале во развивањето на овој спорт во Македонија, додава таа.

Илина(18) и Ева(14), овие две талентирни сестри, со години осовјуваат златко, сребро и бронза за Германија. Иако се со македонски пасош, благодарејќи на големиот талент, во држва како Германија, каде не е важно од каде си и чиј си, Илина иако немаше доволно години, ниже успеси во Бундес лига, ни и на многу интернационални натпревари. Не помалку успешна е и Ева, кој досега на натпреварите најмногу има освоено златни медали.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Седница во Европскиот парламент: „Израел со поддршка од западните земји врши геноцид во Газа“

Следно

Секирарски: Силни елекромагнетни бури во вселената причина за главоболки и болки во коските кај луѓето

Latest from Blog

Ждрепка за плеј-оф: Црвена звезда и Динамо (З) со реални шанси да стигнат до ЛШ

фото: FK Crvena zvezda (X) Белградска Црвена звезда ќе има отворен пат кон завршниот дел од Лигата на шампионите. Имено, по денешната ждрепка за плеј-оф колото, „црвено-белите“ имаат реални шанси да сметаат

Се преполови човекот: ВАКВА ЗАГУБА НА ПАРИ БИ “УБИЛА“ И ДРЖАВА, НО НЕ И НЕГО!

Илон Маск, сопственик на компаниите „Тесла“ и „Спејс Екс“, изгуби дури 646 милијарди долари лично богатство за само шест недели, според најновиот индекс на милијардери на „Блумберг“. Иако ова е еден од

На граничните премини се чека околу еден час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање

Флик го блокира заминувањето на Торес

фото: PSG Report @PSG_Report (X) Тренерот на Барселона, Ханси Флик го информирал раководството на Каталонците дека Феран Торес нема да биде продаден за време на овој летен преоден рок. Според „Мундо Депортиво“,

ПРЕСУШЕНИ РЕКИ, СКАПА СТРУЈА: Новиот удар врз европската индустрија

Тешката индустрија во Европа ги трпи последиците од пресушувањето на најголемите реки на континентот поради долготрајниот топлотен бран што го зафати регионот, објави Блумберг. Падот на нивото на водата во Рајна и
Go toTop