Велигденскиот пост почнува на крајот на февруари

February 12, 2023
1 min read

Велигденскиот пост оваа година почнува на 27 февруари, Велигден е на 16 април. Велигденскиот пост опфаќа 7 недели, односно 7 седмици. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден. Тогаш, зошто се нарекува Четириесетница? Затоа што по 40 дена од постот, продолжува последната седмица пред Велигден, дополнителен строг пост, заради деновите на предавството, страдањата, распнувањето на крстот и погребението на Господа Исуса Христа. Таа се нарекува Страдална или Страстна седмица.

Овој пост е посветен за подготовка и во чест и спомен на Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Христос воскресна од мртвите и со Неговата смрт смртта ја уништи, а со Него и сите нас кои веруваме и одиме по Него ни совоскрена за да наследиме воскресение и живот вечен.

Оваа зададеност Бог му ја дал на човекот уште во рајот, при што требало да исполни само една заповед: да се воздржува, т.е. да пости.

Ако постот му бил потребен на човекот во рајот за да дојде до целта, тогаш уште повеќе му е потребен во оваа земја на отуѓеност и богоотстапништво.

Вистинскиот пост во себе ги содржи и сите добродетели: покајанието, смирението, милосрдието, телесниот подвиг, а пред се, молитвата. Постот без молитвата и останатите добродетели е само една обична физичка дисциплина, диета, па дури и суета и прелест.

Постот е добродетел на Црквата, па според тоа има и соборни димензии, односно постиме и се подвизуваме не само за себе, туку и за сите други. Овој пост се пости строго без масло од понеделник до петок, освен сабота и недела кога се пости со масло.

Два дена во текот на овој пост се јаде риба – на Благовештение и на Цветници, и тоа во зависност кога ќе се паднат.

Првите три дена од постот монасите и поревносните христијани во светот држат тримир. Тоа е тридневен пост во целосно воздржување од јадење и пиење.

По Велигден е Светлата седмица и во таа седмица не се пости, а секој ден се оди во црква на Литургија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Истрага на криминал од земјотрес“: Во Турција се апсат градежници на урнатите згради

Следно

Најмалку 29.605 луѓе загинаа во земјотресите што ја потресоа Туркије

Latest from Blog

Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“го напушти Блискиот Исток

 Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ се упати кон Соединетите Американски Држави од Блискиот Исток, по девет месеци поминати на море од страна на екипажот и маринците, соопшти денеска еден американски

Ангелов: Изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица, граѓаните да бидат особено внимателни поради висок ризик од пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изутринава информира дека целосно е изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица кое ноќеска беше загрозено од пламените јазици. Ангелов повтопрно апелира до

Палмино масло наместо млеко? Косово повлече 12 млечни производи од продажба

Случајот со млечните производи што деновиве го привлече вниманието на јавноста во Косово станува поширок, откако контролите покажаа дека зад повеќе различни брендови стои ист оператор и ист производствен објект. Токму затоа,

АМЕРИКА ИМА ПРОБЛЕМ, ПОСАДАТА ИМ СКОКА ВО МОРЕ

Американскиот носач на авиони „USS Abraham Lincoln“ го започна своето патување кон Соединетите Американски Држави по неколкумесечна мисија за време на војната со Иран. „USS George Washington“ пристигна на Блискиот Исток и
Go toTop