Столтенберг нема да бара ново продолжување на мандатот

February 12, 2023
1 min read

Не е донесена одлука за тоа кој ќе го наследи Столтенберг, но шпанскиот премиер Педро Санчез и британскиот министер за одбрана Бен Валас се меѓу водечките кандидати за оваа функција

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе го заврши својот мандат како што беше планирано – во октомври, велат од Алијансата, по објавите дека се работи за уште едно обновување.

„Мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг беше продолжен три пати, а тој беше вкупно речиси девет години. Мандатот му истекува во октомври оваа година и тој нема намера да бара уште едно продолжување“,

рече портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску.

Претходно, весникот „Велт ам Зонтаг“ објави дека мандатот на Столтенберг ќе биде продолжен, бидејќи Алијансата се обидува да ја одржи стабилноста за време на војната во Украина.

На Столтенберг, економист и поранешен лидер на норвешката Лабуристичка партија, минатата година му беше продолжен мандатот во НАТО.

Тој беше премиер на Норвешка во периодот 2000-2001 и од 2005 до 2013, пред да стане шеф на НАТО следната година.

Според „Велт ам Зонтаг“, членовите на Алијансата сакаат да му дадат можност на Столтенберг да претседава со самитот по повод 75 годишнината на организацијата во Вашингтон, во април 2024 година. Се прогнозира дека тој би можел да застане на чело на Светската банка, од каде Дејвид Малпас се повлекува истовремено.

Не е донесена одлука за тоа кој ќе го наследи Столтенберг, но шпанскиот премиер Педро Санчез и британскиот минситер за одбрана Бен Валас се меѓу водечките кандидати за оваа функција.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чавушоглу и Дендиjас во Хатај: Туркије и Грција не треба да чекаат нови потреси за да ги поправат односите

Следно

Тетовски алпинист учествуваше во извлекување 10 годишната Ирмак седум дена по земјотресот

Latest from Blog

Министерството за енергетика прво со максимални 100 отсто транспарентност

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини постигна 100 проценти активна транспарентност, потврдува официјалниот Индекс на активна транспарентност за 2026 година на Центарот за граѓански комуникации. За само две години од формирањето,

Ослободени петмината осомничени за тероризам од американската база. Трамп: Изненаден сум

RAF Ферфорд е британска воздухопловна база во Глостершир која интензивно ја користат американските воздухопловни сили, особено за стратешки бомбардери и летови со долг дострел. Заради инцидентот, завчера рано наутро беше прогласена вонредна
Go toTop