Во израелските воздушни напади врз градовите Газа и Рафа убиени осуммина Палестинци

September 6, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку осуммина Палестинци се убиени во синоќешните воздушни напади на израелските воени авиони врз два дома во градот Газа, според локални извори, пренесува Анадолу.

Медицински извори од Баптистичката болница Ал-Ахли за Анадолу изјавија дека шест тела биле донесени во болницата откако во израелски воздушен напад била погодена куќа во населбата Зејтун.

Палестинските лекари, исто така, известија дека загинале една жена и нејзината ќерка во израелски напад чија цел била куќа во населбата Тел Ал-Хава, западно од градот Газа.

Тие додадоа дека неколкумина сѐ уште се наоѓаат под урнатините на домот што бил нападнат.

Во населбите Зејтун и Ал-Сабра во градот Газа израелската артилерија гранатираше домови и цивилни имоти, а било гаѓано и од хеликоптерите, велат очевидци.

Израелската артилерија го засили гранатирањето источно од бегалските кампови Ал-Бурејџ и Ал-Магази, како и северно од Нусејрат.

Израелската армија, исто така, демолирала домови во близина на Ницарим јужно од градот Газа, а се слушнале и експлозии низ Газа.

Очевидци додадоа дека армијата уништила и станбени згради јужно од Универзитетскиот колеџ во југозападниот град Газа.

Според очевидци, во градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, израелската војска урнала цели станбени згради во северозападниот дел на градот.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени речиси 40.900 Палестинци, главно жени и деца, а над 94.400 други се повредени.

Тековната блокада на енклавата доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а голем дел од регионот е во урнатини.

Израел се соочува со обвиненија за геноцид за своите постапки во Газа пред Меѓународниот суд на правдата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАЈАВИ ЗА НЕВРЕМЕ: Во наредните денови посвежо со дожд и грмежи

Следно

Борче Костовски добитник на државната награда „8 Септември“ за остварувања во спортот

Latest from Blog

Општина Битола: 500 ученици во знак на спортот и здравиот живот

Околу 500 ученици од основните и средните училишта во Битола денеска учествуваа на „Есенскиот крос“, кој се одржа во Градскиот парк во Битола. Масовниот спортско-рекреативен настан им овозможи на учениците да се

Започнува Евролигата: Sвезда го пречекува Жалгирис, шампионот гостува во Баскија (Фото)

Најквалитетната кошаркарска лига во Европа вечерва ќе го има својот старт, а интересно, првиот меч снема да се одигра на „старион континент“, туку во Азија. Дубаи во „Кока Кола Арената“ ќе го

Димитриеска-Кочоска: Македонија е меѓу земјите со највисока стапка на раст и пониска инфлација

24 септември 2026, Скопје – До крајот на годината не се очекува ревидирање на стапката на раст и промени во буџеткиот дефицит. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбите се следат
Go toTop