Пандов: Работното ангажирање е најдобриот начин за ресоцијализација на затворениците

September 6, 2024
1 min read

Работното ангажирање е најдобриот начин за ресоцијализација на затворениците, смета в.д. директорот на управата за извршување на санкции, Александар Пандов. Во интервју за МИА тој вели дека ќе се обиде законски да интервенира во делот на работно ангажирање на затворениците со цел тоа да се користи почесто.

– Имам забелешки на последниот закон, направен сега во април. Планирам во наредниот период да побарам измени на одредени точки, или вметнување на нови. Забелешка е тоа што кај нас, доколку говориме дека имаме 2 400 затвореници, мислам дека околу 100 се само работно ангажирани. Моите насоки кон директорите на затворите се да се обидат да постигнат договори со градоначалниците, со други фирми, што поголем број на затвореници да бидат работно ангажирани, рече Пандов.

Директорот информираше дека наследената состојба на затвореници евидентирани во бегство е околу 200, додека, во однос на прашањето дали постои гаранција дека ќе се вратат затворениците на кои тој им одобри прекин на издржување на казната, помеѓу кои имаше и осуденици од „27 април“, одговори дека нема гаранција и доколку не се вратат се во бегство.

– На најголем дел од нив веќе им се завршени прекините и се вратени во затворите. Не мал дел од нив, во меѓувреме, имаат побарано од судовите да им се издадат подолги прекини. Како најзвучно име за кое имаше прекин е поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков. Во меѓувреме, господинот Чавков, јас колку што сум информиран од затворот, има добиено тримесечен прекин, му завршува во ноември, и не мал дел од другите лица осудени за 27 април имаат добиено од судовите повторно прекини, некој на месец, некој на два. Гаранција не постои, како за секој кој што со закон ќе биде пратен на 30-45 или 60 дена, кога ќе го пуштиме на викенд, ако не е вратен, тоа значи дека е во бегство, ние веднаш го информираме Министерството за внатрешни работи и тој осуденик се води како во бегство, појасни Пандов.

Целото интервју со директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, во кое, меѓу другото, се осврнува и на состојбата на затворите низ државава, како и на решавање на проблемот со пренатрупаност и дефицит на затворска полиција, МИА ќе го објави в сабота.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гркинка подметнувала пожари за да флертува со пожарникарите

Следно

Владата назначи три нови национални координатори и Влатко Ѓорчев доби јавна функција за плата од 105.000 денари

Latest from Blog

Божиновска: Го ставаме геолошкиот потенцијал на Македонија во фокусот на научните истражувања

Геолошкиот потенцијал на Македонија треба да се истражува систематски, со научен пристап и преку поголема меѓународна соработка, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. На координативен состанок во Министерството,

Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“

Веро Центар на 3 и 4 октомври 2026 година ќе биде домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“, дводневна манифестација посветена на гастрономијата, традиционалната кујна, кулинарските вештини, едукацијата и хуманоста. Фестивалската програма

МАСК ПОВТОРНО ВО ВЛАДАТА НА САД – Треба да ја претстави иднината на војувањето

Министерот за одбрана Пит Хегсет објави неколку големи промени во американската војска, вклучително и воспоставување нова команда за беспилотни летала и намалување на бројот на генерали и адмирали за 20%. Пентагон, исто

Против Црна Гора по традиција играме ефикасно, одлична квота и за победа на Македонија (Фото)

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година вечерва продолжува со квалификациите за пласман на Европското првенство. Веќе е јасно дека немаме шанси за пласман на една од првите две позиции, па
Go toTop