Со измени на Законот за железнички систем: Укината либерализацијата во железничкиот сообраќај

September 3, 2024
1 min read

Собранието вечерва изгласа измени на Законот за железнички систем, со кои се укинува обврската на државава за либерализација на железничкиот сообраќај.

Министерот за транспорт Александар Николоски образложи дека измените се поради тешката финансиска состојба на МЖ Транспорт и оти во координација со Европската комисија во рамки на Планот за раст е договорено да се тргне обврската за либерализацијата.

– Со овие измени практично го спасуваме АД МЖ Транспорт, каде работат голем број лица, кои имат свои семејства и треба да ги прехрануваат. Во изминатите два месеца активно работиме на тоа да земаат плати. Во координација со ЕК во рамки на Планот за раст се договоривме да се тргне обврската на Македонија за либерализацијата на железничкиот сообраќај,  затоа што кога би се реализирала ова претпријатие  кое и онака е во тешка финансиска ситуациа целосно ќе колабира, рече Николоски.

Долгот на ова АД во државна сопственост, соопшти, моментно е над 90 милиони евра и правиме напори да го вратиме во фирма. Неколку локомотиви веќе се вратени во операција за карго  превоз кој е најдоходовен, во следниот период ќе се изнајмат уште четири до пет  локомотиви, за што ќе се разговара за соработка со Србија, рече министерот Николоски.

Благоја Бочварски, пратеник од СДСМ и поранешен министер за транспорт, оцени дека законската измена е непотребен чекор.

– Одлуката за либерализацијата на пазарот беше донесена по 32 години. Тоа ќе значеше отворање на пазарот за влез на повеќе оператори на пругите.  Со тоа ќе се спуштеа цените пред се на македонските компании. Мора да мислиме на македонската економија и да отвориме  врати за порз и поевтин транспорт, рече Бочварски.

Со измените се брише член 65-а од Законот во кој се пропишани одредби за правно или физичко лице кое врши превоз за сопствени потреби да има право на пристап до железничката инфраструктура и да може да врши превоз на железничката инфраструктура.

Со членот 4 од Предлог законот, поради лошата финансиска состојба, како и драстичното намалување на превозот по стока се предлага бришење на член 67-а од Законот во кој се пропишани одредби за висината на надоместокот за користење на железничката инфраструктура.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче: Наскоро ќе стигнат скапите фактури за кредитот од Будимпешта

Следно

Гаши: Разумот надвладеа над предрасудите и пропагандата

Latest from Blog

Министерката за финансии со две обраќања на престижниот Истанбулски економски самит

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре ќе учествува на Истанбулскиот економски самит 2025. На Самитот ќе учествуваат високи претставници на влади, меѓународни организации, како и претставници од деловниот сектор и

ЛШ: Сити ја продлабочи кризата на Реал, Арсенал не знае за пораз, ПСЖ остана без муниција (ВИДЕО)

ВО големата пресметка и дербито на колото во Лигата на шампионите, Манчестер Сити славеше во мадрид против реал со 1.2 и ја продлабочи кризата кај „кралевите“. Иако почнаа добро и поведоа со

Трамп потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп денес потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела. „Тукушто запленивме танкер крај брегот на Венецуела – голем танкер, многу голем, всушност најголемиот што
Go toTop