Филипче: Наскоро ќе стигнат скапите фактури за кредитот од Будимпешта

September 3, 2024
1 min read

Претседателотна СДСМ, Венко Филипче во интервју за Прес 24 предупредува дека кредитот од Унгарија ќе резултира со сериозни негативни финансиски и политички последици за земјата. Филипче изрази сомнеж за транспарентноста и економската оправданост на договорот, посочувајќи на можни коруптивни интереси зад истиот.

„СДСМ ќе ги искористи сите средства да укаже и докаже зошто е ова штетен договор. Аргументите за наводната поволна камата не само што се неточни, туку унгарските медиуми укажаа дека Орбан за сопствени потреби се задолжува со многу повисоки камати“, истакна Филипче, алудирајќи на недоследностите во официјалните информации за кредитот.

Филипче предупреди дека фактот што Унгарија дава кредит со камати кои самата ги плаќа поскапо, укажува на тоа дека зад договорот стои „огромен политички и корупциски интерес“. Според него, ова е показател дека актуелната влада планира да се занимава со „крупна корупција“ и дека тоа ќе стане јасно многу брзо.

„Практично, веќе и стигна првата фактура за овој наводно фантастичен договор, најавата за влез на телеком компанија блиска до Орбан“, продолжи Филипче, посочувајќи на конкретни примери кои, според него, укажуваат на скриени интереси и договори зад сцената. Тој го постави прашањето што следно може да се очекува од ваквите договори, сугерирајќи дека може да следат и други концесии, како брзата пруга или бизнисите со снабдување со нафтени деривати.

Во интервјуто за Прес 24 Филипче истакна дека СДСМ има обврска да ги изложи сите последици од овој договор и најави дека многу конкретни информации ќе бидат презентирани на собраниската говорница.

„СДСМ има обврска јасно да укаже на сите последици од овој договор. И многу конкретни сознанија ќе бидат предочени токму од собраниската говорница“, рече тој, повикувајќи на брзо доставување на законот во Собранието, со цел истиот да биде разобличен.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски на одбележување на почетокот на градбата на новата инвестиција на германската компанија BMZ Group

Следно

Со измени на Законот за железнички систем: Укината либерализацијата во железничкиот сообраќај

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп подготвен за нови турски инвестиции и соработка

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со турскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Фатих Улусој и со Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО – Македонско-турската стопанска комора и почесен конзул на

Американски воени бродови се распоредија на Хаити

Американските бродови „УСС Стокдејл“ (USS Stockdale), „УСЦГЦ Стоун“ (USCGC Stone) и „УСЦГЦ Дилиџенс“ впловија во заливот Порт-о-Пренс за да „ја одразат непоколебливата посветеност на САД на безбедноста, стабилноста и посветлата иднина на

Попладнево нова блокада на патот Битола-Ресен

Патниот сообраќај на магистралниот пат А3 Битола – Ресен над населбата Баир во Битола од 14:30 часот е во прекин бидејќи во тек е јавен собир, информира попладнево Авто-мото сојуз на Македонија.

Цаневска: Колку и кога ќе стигнат автобусите за ЈСП, Ѓоргиевски: Владата ќе набави 100, но не можам да кажам дали ќе стигнат до крај на годинава

Јавниот превоз беше една од темите на советнички прашања во Советот на Град Скопје. „Во ноември 2025 ветивте дека во март 2026 се очекува, во координација со Владата, да пристигнат 80 нови

Проданоски со планови за целосна реконструкција на пазарот во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска, на пазарен ден, заедно со директорот на ЈКП „Пазари“, изврши обиколка на градскиот пазар и оствари директни разговори со сограѓаните и пазарџиите. Градскиот пазар во
Go toTop