Палестински функционер: Израелската армија го претвори Џенин во „зона на катастрофа“

September 3, 2024
1 min read

ЏЕНИН (АА) – Градот Џенин, кој се наоѓа на северниот дел на окупираниот Западен Брег, е претворен во зона на катастрофа поради нападите и уништувањето од израелската армија што траат веќе шест дена, јавува Анадолу.

Членот на Комисијата за зонирање во Џенин, Али Зекарна, за Анадолу зборуваше за уништувањето и штетата што израелската армија ги предизвика во градот и во бегалскиот камп.

„Џенин е уништен. Уништени се околу 70 отсто од источниот дел на градот и бегалскиот камп“, рече Зекарна.

Потенцирајќи дека уништувањето е исклучително големо, Зекарна нагласи дека силата на локалните, приватните и државните институции нема да биде доволна за реконструкција.

Тој изјави дека сè уште е невозможно целосно да се утврди степенот на уништување во Џенин.

„Израелската армија ја уништи целата инфраструктура во бегалскиот камп. Водата и струјата беа исклучени, канализацискиот систем е целосно оштетен. Обемот на уништување е навистина огромен, неопишано“, изјави Зекарна.

Тој рече дека Џенин е претворен во целосна зона на катастрофа.

Зекарна ги повика меѓународните и институциите на Обединетите нации (ОН) да дојдат во градот и на самото место да го видат уништувањето.

„Најмалку 400.000 луѓе купуваа на пазарот во центарот на Џенин“, рече Зекарна, наведувајќи дека нема оправдување или изговори за уништувањето на пазарот предизвикано од израелската армија.

Тој посочи и дека болницата е под блокада, струјата, водата и гасот се исклучени, а недостасуваат и лекови.

Зекарна напомена дека многу луѓе во градот се раселени.

На 28 август Израел објави дека го започнал својот најинтензивен и сеопфатен напад, наречен „Летни кампови“, врз бегалските кампови во градовите Џенин, Тулкарем и Тубас на северниот дел на окупиораниот Западен Брег од 2002 година.

Во нападите се убиени 29 Палестинци, од кои 17 во Џенин.

Голем број се повредени, а од нив има и во критична состојба.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Следниот период нестабилно со можност за пороен дожд и грмежи

Следно

Елези: Фарски острови е многу незгоден ривал, но верувам во моите соиграчи и во позитивен резултат

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop