Над 24 000 загинати во Турција и Сирија, потрагата по преживеани продолжува и по повеќе од 120 часа од земјотресот

February 11, 2023
1 min read

Дури 122 часа по првиот разорен земјотрес, под урнатините на зграда во јужна Турција е спасена 70-годишна жена. По долгите напори на спасувачките екипи, жената е извлечена од под урнатините и пренесена в болница

Над 24 000 лица загинаа како последица на катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтеровата скала, кој во понеделникот, на 6 февруари, ги погоди Турција и Сирија.

Според последниот биланс, само во Турција се пријавени 20 665 загинати, а во Сирија бројот на жртви достигна 3 553. Со тоа, вкупниот број на загинати сега се искачи на 24 208.

Во двете земји се повредени над 80 000 лица, а над еден милион луѓе останаа без покрив над главата.

И по повеќе од 120 часа од земјотресот, спасувачите се на терен во потрага по преживеани под урнатините.

Цели 122 часа по првиот разорен земјотрес, под урнатините на зграда во јужна Турција е спасена 70-годишна жена. По долгите напори на спасувачките екипи, жената е извлечена од под урнатините и пренесена в болница

Турскиот потпретседател Фуат Окта изјави дека во последните 24 часа од под урнатините се извлечени 67 лица.

Во спасувачките и хуманитарните акции во двете земји се вклучени над 166 000 лица.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган призна дека одговорот на турските власти по големите земјотреси во југоисточниот дел на земјата не е толку брз како што сакала владата.

„Потресите погодија толку многу згради, што за жал не можевме да интервенираме толку брзо како што се надевавме. Во тој период можеби имаше пропусти, технички проблеми, но ние сме со нашето население со сите наши ресурси“,

рече Ердоган.

По првиот земјотрес од 7,8 степени кој во понеделникот ги погоди југоисточна Турција и северна Сирија, беа регистрирани 1 891 последователни потреси.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ново издание на 360°: За 61 % од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ членство во ЕУ не е добра работа, за 81 % од гласачите на СДСМ Бугарија е закана за земјава

Следно

СТРАВИЧНИ БРОЈКИ: Бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија надмина 24.000

Latest from Blog

ЛШ: Сити ја продлабочи кризата на Реал, Арсенал не знае за пораз, ПСЖ остана без муниција (ВИДЕО)

ВО големата пресметка и дербито на колото во Лигата на шампионите, Манчестер Сити славеше во мадрид против реал со 1.2 и ја продлабочи кризата кај „кралевите“. Иако почнаа добро и поведоа со

Трамп потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп денес потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела. „Тукушто запленивме танкер крај брегот на Венецуела – голем танкер, многу голем, всушност најголемиот што

Бојковска: Рејтингот на СДС преку шпекулации, лажни обвинувања и погрешна стратегија нема да порасне

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која дискутираше за обвинувањата и шпекулациите од страна на опозицијата, за темата дека во Македонија
Go toTop