Поништен повикот за субвенции за нови авиолинии

February 10, 2023
1 min read

Поништен е повикот за субвенционирани летови од двата аеродрома во државава и ќе биде распишан нов. Комисијата за евалуација на понудите што на повикот ги доставија авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ констатирала дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација и го поништила повикот.

-Од страна на Комисија составена од членови од неколку државни институции се изврши евалуација на доставените понуди и притоа Комисијата констатира дека авиокомпаниите не ја доставиле комплетната документација пропишана во условите од јавниот повик. Согласно тоа, Комисијата донесе одлука за поништување на јавниот повик, соопшти попладнево Министерството за транспорт и врски.

Оттаму очекуваат во најбрз врменски период Комисијата да распише нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023-2025 година.

Најавуваат дека јавниот повик ќе се објави во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија. – Целта е да се поттикне и развива воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија и да се овозможи поголем број на дестинации за граѓаните, стои во соопштението.

Ресорното Министерство потенцира Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски е силно посветена на реализација на програмската определба за развој на авиосообраќајот.

-Нашата цел е да ги искористиме капацитетите што ги нуди Меѓународниот аеродром Скопје и Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле и да овозможиме квалитетни услуги со поширок спектар на дестинации за граѓаните преку конкурентни цени на авио билетите, посочуваат од Министерството за транспорт.

Со поништениот повик, што траеше од 20 декември лани до 26 јануари годинава, за разлика од претходните, можеа да се изберат повеќе авиокомпании што ќе добијат субвенции за нови авиолинии. Се предвидуваше да се доделува субвенција од седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром „Скопје” и од 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот „Св. Апостол Павле” – Охрид.

За годинава се предвидени 1,1 милион евра за финаниска поддршка за нови авиолинии.

На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер”.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган призна дека по разорниот земјотрес помошта не пристигнала со посакуваната брзина

Следно

Спасено девојче од 3,5 години 103 часа по земјотресите во Туркије

Latest from Blog

Проданоски: Нека радоста од Велигден се почувствува во секое семејство

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните по повод најголемиот христијански празник – Велигден. Во својата порака, Проданоски истакна дека Велигден е симбол на најдлабоката вистина дека животот секогаш

ВЛЕН: Речиси 1.900 бизниси отворени од млади до 29 години

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека младите сè повеќе се вклучуваат во мерките за вработување и претприемништво, при што значаен дел од новоотворените бизниси се резултат токму на нивната иницијатива. Според податоците што ги

Коњановски: Воскресението Христово нека внесе мир во секое семејство

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните по повод најголемиот христијански празник – Велигден. Во својата порака, Коњановски им посака на сограѓаните добро здравје, радост и среќа, истакнувајќи дека

САД и Иран не постигнаа мировен договор по 21 час преговори во Пакистан

Според него, американската делегација ги напушта разговорите поради суштински несогласувања, бидејќи Иран не ги прифатил условите поставени од Вашингтон, вклучително и откажувањето од производство на нуклеарно оружје. – Лошата вест е што

Има договор: Луис Енрике во ПСЖ до 2030!

Фото: ПСЖ Твитер Се чини дека има договор, дека Луис Енрике ќе потпише нов договор со ПСЖ. Неколку сигурни извори потврдија дека преговорите се при крај, дека договорот дури и не бил
Go toTop