Лидерката на венецуелската опозиција предупредува на масовен егзодус доколку Мадуро остане на власт

August 14, 2024
1 min read

БОГОТА (АА) – Лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, предупреди на сериозен „бран на миграција“ доколку претседателот Николас Мадуро остане на власт по неговиот спорен реизбор, што ќе влијае на соседна Колумбија, јавува Анадолу.

Говорејќи пред новинарите во главниот град Каракас, Мачадо го предупреди колумбискиот претседател Густаво Петро дека ако Мадуро „одбере да остане насила, единственото нешто што ќе го видиме е бран на миграција како никогаш досега: три, четири, пет милиони Венецуелци за многу кратко време“.

Таа истакна дека очекуваат „цврст и јасен“ став од Колумбија и дека ситуацијата во Венецуела ги надминува идеолошките разлики.

Мачадо, исто така, рече дека Мадуро треба да преговара за неговото заминување од функцијата со нејзината политичка група.

„Најдобрата опција е да го натераме да прифати договорена транзиција. Би било добар знак ако барем ги држи отворени каналите за комуникација со Бразил, Мексико и Колумбија. Следните недели ќе бидат критични. Ќе почекаме и ќе видиме што ќе се случи“, додаде таа.

Националниот изборен совет на Венецуела на 29 јули објави дека Мадуро обезбедил трет мандат со 51,2 отсто од гласовите, резултат што опозицијата го отфрли и тврди дека изборните резултати се фалсификувани.

Мачадо ги повика граѓаните да излезат на масовни протести на 17 август за да ги оспорат резултатите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дивите депонии горат, смрдат, загадуваат – модерни центри за отпад нема

Следно

Министрите за одбрана на Туркије и Туркменистан остварија средба во Анкара

Latest from Blog

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на 324 килограми марихуана

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице.

ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА БАТЕРИСКИ СИСТЕМИ – КЛУЧЕН ЧЕКОР ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА

ФЕРОИНВЕСТ продолжува со поставување батериски системи на фотонапонски електрани, помагајќи им на електраните да го издржат прекумерното производство на електрична енергија преку ден, и да ги заштити нив од ниски цени и
Go toTop