Да не се хиспаносите САД нема да мрдне со популација

August 13, 2024
1 min read

Се работи за вкупно 3,2 милиони нови луѓе со хиспанско потекло од почетокот на пандемијата, вклучително и мигранти и новороденчиња. Во овој период американската популација пораснала за вкупно 3,4 милиони луѓе.

Во исто време бројот на белата популација на земјата се намалил за 2,1 милион луѓе, а се помалиот број на млади белци влијаел и на пад на вкупниот број Американци под 18 години.

Падот на бројките на белците се должи главно на поголемиот број на починати отколку новородени. Бидејќи се работи за група со постара популација, има и помалку бели жени кои се на возраст на која можат да раѓаат а имаат и пониска плодност од другите луѓе.

Се очекува дека до 2030 хиспаносите и останатите не бели групи ќе претставуваат 44% од популацијата, а само хиспаносите ќе бидат една петина од вкупната популација. До 2050 оваа бројка ќе порасне на една четвртина.

Севкупно имало 15 сојузни држави со пад на популацијата. Први меѓу нив се Калифорнија и Њујорк кои заедно изгубиле 1,2 милиони жители во период од три години.

Најголемиот дел од сојузните држави имале минус на млада популација. Калифорнија има 500.000 деца помалку од пред пандемијата, а Њујорк 272.000 помалку. Во исто време Флорида и Тексас имаат плус по 100.000 нови деца.

Популацијата се намалила во 6 од 15 најголеми градови, а најголем лузер е Њујорк кој севкупно има над 580.000 луѓе помалку, на второ место е Лос Анџелес со над 400.000 минус. Во најголем плус се две метро области во Тексас, Далас и Хјустон, чија популација е зголемена за 460 односно 360 илјади луѓе.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Над 2.000 еврејски доселеници, меѓу кои и израелскиот министер Бен-Гвир, упаднаа во џамијата Ал Акса

Следно

Абас: Поради притисокот на САД, ОН не успеаја во мисијата за воспоставување палестинска држава

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop