Илон да се уапси за немирите во Англија

August 13, 2024
1 min read

Брус Дејсли, некогашниот највисок директор на Твитер вон САД, објаснува дека постои клучна разлика меѓу слепото следење на слободата на говор во САД и рамките кои британските закони ги имаат предвидено за слободата на говорот, која според нив не може да се користи за поттикнување криминалитет или ширење омраза.

Тој дава пример како (актуелниот кошмар на либералите) „хетеросексуални бели мажи“ го искористиле Твитер и слободата на говор за „агресивно да таргетираат големи делови од остатокот од општеството, вклучително жени, ЛГБТ заедницата и етнички малцинства“.

Откако го оценува денешниот Твитер како хаотично и опасно место, Дејсли објаснува дека истото може да се среди и да биде под контрола, преку воведување на бихејвиоријални норми како што тоа го направиле Инстаграм, Јутјуб или Тикток. А ова според него може да се направи ако платформите инвестираат пари во тоа, што на пример британската влада би можела да го контролира преку инспекции и задолжителни квоти на вработени во тие сектори.

Дејсли смета дека зад целото филозофирање околу заљубеноста во слободниот говор на социјалните мрежи, стои тоа што тој е многу поевтин отколку да спроведеш негова контрола.

Навраќајќи се на Маск, неговите твитови и начинот на кој го води Твитер, Дејсли проценува дека предложените бојкоти на платформата ниту некогаш вродиле, ниту некогаш ќе имаат резултати, а забрана на апликацијата те става на ист список со држави како Русија, Турција и Венецуела.

Наместо тоа предлогот кој доаѓа од поранешниот директор на Твитер е дека Маск и неговите колеги треба да бидат потсетени дека со нивните постапки можат кривично да одговараат пред британските закони.

„По мое искуство, таа закана од лични санкции има многу поголем ефект врз директорите отколку ризикот од корпоративни казни. Доколку Маск продолжи да придонесува кон немирите, налог за негово апсење може ќе предизвика лавина од негови твитови, но како меѓународен џет-сетер тоа ќе има и ефект на фокусирање на неговиот ум…

Постапките на Маск треба да бидат аларм за владата на Стармер да почне тивко да го регулира и да ја преземе контролата врз она што ние колективно се согласуваме дека е дозволено на социјалните мрежи,“ порачува Дејсли.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Лишен од слобода 29-годишен жител на Канатларци поради предизвикување пожар

Следно

Медиумите на Кремљ го минимизираат упадот на Украина во Курск

Latest from Blog

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За

Вучиќ: Би сакал изборите да бидат во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија

Во интервју за ТВ Информер тој нагласи дека сценарио со немири како во Непал и убиството на американскиот активист Чарли Кирк било планирано да се случи и во Србија, „но успеавме да

Стигнаа добри вести за Барса: УЕФА го помилува Флик

Фото: Барселона/Твитер Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе го предводи тимот во нивниот прв натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона против Њукасл, откако УЕФА ја намали неговата дисциплинска мерка. Флик и
Go toTop