Лидерите на ЕУ на самитот се согласија да ја зајакнат граничната контрола и политиката на враќање мигранти

February 10, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – На Самитот кој заврши утрово, лидерите на Европската Унија решија да ги зајакнат надворешните граници на Блокот и да се фокусираат повеќе на спречување на нерегуларната миграција, јавува Анадолу.

„Ќе дејствуваме за да ги зајакнеме нашите надворешни граници и да ја спречиме нерегуларната миграција“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на прес-конференцијата на затворањето на лидерскиот Самит.

Таа објасни дека ЕУ ќе воспостави „пилот-проекти“ за зајакнување на заштитата на границите, и со материјална опрема и со персонал за справување со барањата за азил и враќањата на мигрантите.

Зајакнатата гранична контрола ќе биде финансирана од заедничкиот буџет на ЕУ, и покрај претходниот став на Фон дер Лајен која го отфрли финансирањето на граничните огради со пари на ЕУ.

Во заклучоците од Самитот, лидерите на ЕУ конкретно од извршното тело на ЕУ побараа „веднаш да ги мобилизира фондовите и средствата на ЕУ за поддршка на земјите членки во зајакнувањето на капацитетите и инфраструктурата за заштита на границите, средствата за надзор, вклучително и воздушниот надзор и опрема“.

Како што објасни Фон дер Лајен, ЕУ „ќе обезбеди интегриран пакет на мобилна и стационарна инфраструктура, од автомобили до камери, од стражарски кули до електронски надзор“, според новите пилот-проекти.

Лидерите на ЕУ, исто така, се согласија да го забрзаат безбедното враќање на оние мигранти чии барања за азил се одбиени.

„Со помош на релевантните агенции на ЕУ, новите пилот-проекти ќе се фокусираат и на граничните процедури за најефикасно регистрирање, брзи и фер процедури за азил и начините за постапување со враќањата [на мигрантите]“, додаде Фон дер Лајен.

„За таа цел, земјите отсега заемно ќе ги признаваат одлуките за враќање за да избегнат двојно аплицирање“, рече Фон дер Лајен.

Освен тоа, лидерите ја повикаа Агенцијата за азил на ЕУ да работи на концептот на „безбедни трети земји и безбедни земји на потекло“ од каде што Блокот нема да прифаќа барања за азил.

Со овој потег, ЕУ се обидува да формира заедничка листа на безбедни земји што ќе ја користат сите земји членки на ЕУ, кои во моментов се слободни да одлучат дали прифаќаат барања за азил или не.

Лидерите на ЕУ, исто така, разговараа и за економските прашања, како и за поддршката на ЕУ за Украина, вклучувајќи ја и воената помош, за повеќе санкции против Русија и понатамошна употреба на замрзнатиот руски имот.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски за првпат учествуваше лично на Самитот, а оствари и билатерални разговори со лидерите на ЕУ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Прегазен пешак на кеј „13 Ноември“

Следно

Бесплатни стоматолошки услуги за сите пензионери, учениците и децата во градинките во социјален ризик во општина Центар

Latest from Blog

Претставници на Меѓународната организација – Транспортна заедница во посета на Собранието

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе го посетат претставници на Меѓународната организација – Транспортна заедница. Како што информираат од собраниската прес-служба, претставниците на Меѓународната организација – Транспортна заедница ќе остварат средба

Реал и Дортмунд ќе водат битка во четвртфиналето, но браќата Белингем нема да играат еден против друг!

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд синоќа ја оправдаа фаворитската улога и се пласираа меѓу осумте најдобро на Светското клупско првенство каде ќе имаат меѓусебен дуел. Многумина можеби очекуваа и братски дуел на

Трамп: Израел се согласи на „неопходните услови“ за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот во Газа

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел се согласил на „потребните услови“ за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот во Појасот Газа, јавува Анадолу. Во објава на неговата платформа
Go toTop