Силен земјотрес го погоди северниот дел на Чиле

July 19, 2024
1 min read

БОГОТА (АА) – Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на јужноамериканската држава Чиле, јавува Анадолу.

Американскиот геолошки институт (USGS) објави дека епицентарот на земјотресот бил Сан Педро де Атакама во областа Антофагаста.

Регистриран е на длабочина од околу 117 километри.

Не е издадено предупредување за цунами, а засега не се регистрирани човечки жртви или материјална штета.

Земјотресот беше почувствуван и во Такна и Арекипа, јужните региони на Перу, а предизвика паника кај граѓаните.

Во соопштението на Поморската хидрографска и океанографска служба (SHOA) се наведува дека нема неопходни услови за да се активира предупредување за цунами по должината на чилеанскиот брег.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп вети крај на војните и ослободување на американските заложници

Следно

Четири индустриски магацини изгореа во пожар во Шпанија, нема повредени

Latest from Blog

ПСЖ се засили со репрезентативец на Франција!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Пари Сен Жермен објави дека го ангажирал францускиот репрезентативец Лукас Дињ (33), кој пристигнува во Париз од Астон Вила. Искусниот лев бек потпиша договор со актуелниот француски и европски шампион до

Драма на Преспанското Езеро, 71-годишен рибар исчезна во водата, го бараат нуркачи од „Тигар“

Седумдесет и едногодишен скопјанец исчезнал вчера во водите на Преспанското Езеро, откако скокнал од чамец за да ги земе веслата кои му паднале во водата. Како што информира МВР, случајот бил пријавен

Дортмунд ги казни грешките на Арсенал и си замина дома со трофеј

ФОТО:.facebook.com/BVB Борусија Дортмунд го победи англискиот шампион Арсенал со 3-2 на домашен терен во пријателски натпревар и со тоа го освои Емирати Купот. Натпреварот на стадионот „Емирати“ започна подобро за гостите, кои

Нетанјаху го отфрла планот на Трамп за Газа

Неговата изјава доаѓа една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп објави значителен напредок во разговорите. Одборот за мир (BoP) на Трамп потоа презентираше нов план од 15 точки, кој треба да воспостави

Без струја делови од Тетово, Теарце и Рогачево

Поради планирани прекини во електро-дистрибутивната мрежа, во понеделник (10 август) без електрична енергија привремено ќе останат делови од Тетово, Теарце и Рогачево. Според најавата, во Рогачево прекинот е планиран од 09:00 до
Go toTop