Кошмарот на Тајната служба се вика накосен кров

July 18, 2024
1 min read

Директорката Кимберли Читл, од која некако логично се бара да поднесе отказ, објаснува дека при планирањето на обезбедувањето на говорот на Трамп бил земен предвид и магацинот од кој се пукаше на поранешниот претседател, меѓутоа било проценето дека  локацијата е премногу ризична за на нејзе да се стави агент.

Наместо тоа била донесена одлука тим снајпери од локалната полиција да биде сместен внатре во истиот објект од кој е пукано.

„Таа зграда има посебно накосен кров на самото слеме. Па заради тоа има безбедносен фактор кој треба да биде разгледан заради кој не можеме да ставиме некого на накосен кров.

И, беше донесена одлука објектот да се обезбеди од внатре,“ објаснува Читл во разговор со Еј-би-си.

Резултат на ова е дека 20-годишниот неуспешен атентатор успева да се качи и позиционира на кровот, таму да дреме некое време и да остане непопречен и покрај бројните апели и предупредувања од насобраниот народ до присутното обезбедување.

Според Читл обезбедувањето било алармирано за „присуството на заканата“ меѓутоа неговите агенти не успеваат да го елиминираат на време.

Републиканците веднаш ја нападнаа Читл дека таа е дојдена на првата позиција во Тајната служба чисто заради квотите за застапеност на жените на високи позиции и дека вакви работи се случуваат кога работните позиции не ги пополнуваш со најдобрите.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитровска: Ја побаравме поканата на Владата од Вашингтон за да се провери кои лица биле на неа

Следно

СÈ Е ПОДГОТВЕНО ЗА НАЈГОЛЕМИОТ СПОРТСКИ СПЕКТАКЛ Отворено Олимписко село во Париз

Latest from Blog

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за соработка во образованието, науката, културата, младите и спортот, како и економските консултации

Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со министерот за надворешни работи, Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи

РУСКАТА “ПОДМОРНИЦА НА СУДНИОТ ДЕН“ за прв пат за спушти во морето. Која е нејзината цел?

Најновата руска нуклеарна подморница, поради капацитетот, составот на вооружување и стартешката подвижност е наречена “подморница на судниот ден“ наменета за нуклеарна војна – за прв пат го напушти пристаништето минатата недела. Додека

Драган Даниловски: Дел од заболените и починатите од западнонилска треска се заразиле во Македонија

Разговараше: Ирена МУЛАЧКА Пет смртни случаи и вкупно 43 потврдени од западнонилска треска во Македонија. Тоа засега е црниот исход од епидемијата, која веќе одреден период тресе неколку скопски општини, Кисела Вода,
Go toTop