Пендаровски: Државата веднаш да најде начин да се набави лекот „Трикафта“

February 9, 2023
1 min read

Претседателот Пендаровски искрено сочувствува со семејството на починатиот Благојче Илиевски, велат од неговиот Кабинет.

Точно е дека претседателот Пендаровски има одржано не една, туку повеќе средби со здруженијата на граѓани болни од цистична фиброза на нивно барање. И не само со нив, туку и со многу други здруженија на граѓани во кои членуваат или работат со граѓани од ранливите групи, истакнуваат од неговиот Кабинет.

„Секогаш и безусловно претседателот и Кабинетот се заложуваат да решат што повеќе системски проблеми што ги имаме во нашата држава независно што не спаѓаат во неговите надлежности. Во однос на обезбедување на лекот ‘трикафта’, претседателот Пендаровски, како и членовите на неговиот Кабинет, имаше комуникација и даде повеќе предлози до надлежните институции: Владата, министерот за финансии, министерот за здравство и до менаџерскиот тим на Фондот за здравствено осигурување за тоа како и од каде да се обезбедат средства за набавка на лекот“, потенцираат службите на Пендаровски.

Претседателот Пендаровски, додаваат од таму, смета дека државата треба да најде начин, кој е најсоодветен, за да се набави лекот „Трикафта“ веднаш.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Самитот на лидерите на ЕУ почна со едноминутно молчење за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија

Следно

Радев се заканува со вето – што му одговори Ковачевски?

Latest from Blog

Правната основа на предметот „Пулс“ е спорна, велат поранешни министри и професори

Во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24, поранешниот министер за правда Туше Гошев, професорот Гордан Калајџиев и Дарко Аврамовски од коалицијата „Сите за правично судење“ изнесоа сериозни критики за начинот на кој се

Димитреска Кочоска: Сивата економија ја ограничува конкурентноста

Министерката за финансии, Гордана Димитреска Кочоска, истакна дека борбата против неформалната економија е клучна за создавање праведно општество, стабилни јавни финансии и еднакви правила за сите. Според неа, неформалната економија ја намалува

Проданоски: Се уредува последниот дел од плоштадот „Методија Андонов – Ченто“

Центарот на Прилеп наскоро ќе добие нов изглед, со почетокот на реконструкцијата на последниот неуреден дел од плоштадот „Методија Андонов – Ченто“. Проектот кој е вреден 16.356.730 денари е обезбеден преку вториот

Пекинг упорно ги негира информациите дека извршиле нуклеарна проба- САД имаат докази

Помошникот државен секретар Кристофер Јиу изјави на настан во Институтот Хадсон, тинк-тенк во Вашингтон, дека оддалечена сеизмичка станица во Казахстан измерила „експлозија“ од 2,75 степени, лоцирана на околу 450 милји оддалеченост на
Go toTop