(ФОТО) Македонски државјанин фатен при шверц на 9,7 литри ракија и над 10 илјади кутии цигари во Хрватска

January 7, 2023
1 min read

Македонецот кој се обидел да ја прошверцува стоката треба да плати парична казна во износ од 13 272 евра, а како што додаваат од хрватската царина, пресметана и наплатена е акциза за цигари во износ од 1 419 евра

Македонски државјанин е фатен при обид за шверц на 9,7 литри ракија и над 10 илјади кутии цигари на граничниот премин „Товарник“ во Хрватска, објави хрватската Царинска управа на својата веб-страница.

Фото: Царинска управа на Република Хрватска

Возилото во кое била скриена стоката било со швајцарски регистарски таблички.

Фото: Царинска управа на Република Хрватска

„При детален преглед на споменатото возило, во просторот на резервното тркало биле пронајдени 6 600 парчиња цигари ‘Вест Силвер’, 4 000 парчиња цигари ‘Жаде Ла Розе’ и 9,7 литри ракија, стока се пропишани забрани и ограничувања при увоз, а кои возачот се обидел на скришен начин да ги внесе на подрачјето на Унијата“,

се наведува во соопштението на хрватската царина.

Оттаму додаваат дека пронајдената стока е запленета.

Македонецот кој се обидел да ја прошверцува стоката треба да плати парична казна во износ од 13 272 евра, а како што додаваат од царината, пресметана и наплатена е акциза за цигари во износ од 1 419 евра.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иран егзекутираше уште двајца мажи поради протестите низ земјата

Следно

ПО НОВА ГОДИНА И БОЖИЌ НИ ДОАЃА СНЕГОТ – подгответе се за првите врнежи во новата 2023 година, еве кога! (ФОТО)

Latest from Blog

Јувентус има нов голман, полски репрезентативец

Голманот на Волфсбург, Камил Грабара, ја продолжи кариерата во Јувентус. Според најновите информации, двете страни ја потврдиле соработката. 27-годишниот полски репрезентативен голман заминува во Торино со опција за откуп за 12 милиони

Трамп нареди да се спуштат знамињата низ САД во чест на починатата Доли Партон

Легендарната американска кантри пејачка, актерка и хуманитарка Доли Партон почина денеска на 80-годишна возраст, потврди нејзината придружба. За време на кариерата што траеше речиси шест децении, Партон стана една од најпрепознатливите личности

Проданоски: Земјоделците од Мажучиште и Коњари нема да бидат оставени сами

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше на терен во населеното место Големо Коњари, каде се увери во последиците од вчерашното силно невреме проследено со дожд и град. Невремето предизвика сериозни
Go toTop