Македонските тенисери ја победија Словенија

June 20, 2024
1 min read

Победа за македонските тенисери во вториот дуел од Третата Европска зона од Дејвис купот во Улцињ.

Македонија ја совлада Словенија со 2-1 и за конечниот пласман на табелата во групата А ќе го чека исходот од утрешниот меч меѓу домаќинот Црна Гора и Словенија.

Решавачкиот поен за Македонија стигна во мечот во двојки, кој траше само еден гем од причина што словенечкиот тенисер Бор Артнак беше принуден да побара медицинска помош.

Имено тој претходно на Словенија и донесе изедначување од 1-1 со победата во вториот сингл над Шендрит Деари, но очигледно заморот од тој меч го направи своето и Словенија мораше да го предаде мечот во двојки.

Днешниот ден почна одлично за Македонија откако Берк Бугариќ донесе водство од 1-0 со победата над Матиц Крижник од 2-0 во сетови (63 63) за 1 час и 56 минути игра. Бугариќ имаше целосна контрола во мечот откако во првиот сет поведе со 3:0 во гемови и сетот го заврши со 6:3. Во вториот сет по неколку брејка за двајцата тенисери Берк поведе со 5:2 и „го однесе мечот во мирна завршница“. И вториот сет заврши со 6:3 во гемови.

Во вториот сигл меч Шендрит Деари играше против Бор Артнак, во меч кој Македонија го загуби, но имаше влијание за конечен триумф. Во првиот сет до 10-тиот гем немаше брејк, а потоа по 16 одиграни поени Артнак направи брејк, а Деари спаси две сет топки.

Во вториот сет се водеше голема борба за секој поен (48:47 заврши сетот на поени за Артнак). Деари водеше со 4:1 во гемови, а словенечкиот тенисер изедначи на 4:4. Деари поведе и со 5:4, но ривалот изедначи на 5:5 и поведе со 6:5, па Деари успеа да изедначи на 6:6 за тај брејк.

Во 13-тиот гем Деари водеше со 4:2 на поени, но со серија од четири поени Артнак поведе и ја задржа предноста, која му овозможи победа во тај брејкот од 7:5 и триумф во мечот.

Во мечевите од Б групата: Молдавија – Азербејџан 3:0 и Кипар – Косово 3:0. Утре за прво место во групата ќе играат Кипар и Молдавија, а за третото место и опстанок во Третата зона ќе играат Косово и Азербејџан.

Македонската репрезентација следниот меч го игра в сабота, а противникот ќе биде познат во зависност од утрешните мечеви.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кабинетот на Претседателката Давкова за ТВ 24: Официјална употреба на уставното име

Следно

СДСМ го продолжи рокот за пријави за гласење на внатрешните избори

Latest from Blog

Сити носи замена за Родри од Франција

Мароканскиот репрезентативец Ајуб Боудади ќе биде замената за легендарниот Родри во тимот на Манчестер Сити. Играчит на Лил, кој што е проценет на 100 милиони евра, летово ги промени националните бои и

Речиси 6 милиони денари промет: Макпетрол повторно во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,99 поени. Во однос

Николоски: Македонија го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори

Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Тоа е систем на ЕУ

Николоски: Првите 30 електрични автобуси ги очекуваме во декември или јануари, а во првиот квартал на 2027 ќе го завршиме автопатот Охрид – Кичево

Првите 30 од вкупно 150 електрични автобуси се очекува да пристигнат во земјава во декември или јануари, а целата набавка да биде реализирана во рок од година и половина, соопшти вицепремиерот и
Go toTop