Израелците протестираат во Кнесетот со барање за предвремени избори и крај на војната во Газа

June 19, 2024
1 min read

АЛ КУДС (ЕРУСАЛИМ) – Група Израелци организираа демонстрации денес во израелскиот Парламент (Кнесет) во Западен Ал Кудс (Ерусалим), барајќи предвремени избори и прекин на војната на Тел Авив против Појасот Газа, објавија израелските медиуми, пренесува Анадолу.

„Група демонстранти се собраа во близина на кафетеријата во зградата на Кнесетот, барајќи предвремени избори“, објави израелскиот дневен весник „Харец“.

„Војната без цели и без крај мора да биде завршена, Кнесетот мора да биде распуштен, а власта да им биде вратена на луѓето. Бараме избори веднаш“, порачаа демонстрантите.

Последните избори во Израел се одржаа кон крајот на 2022 година, што резултираше со формирање на сегашната Влада на чело со премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој легално е на власт со четиригодишен мандат, освен ако Кенсетот не се распушти или ѝ се искаже недоверба на Владата.

Прекршувајќи ја Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираните напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година.

Пред осум месеци Израел започна брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници, убивајќи 37.396 Палестинци, од кои поголем дел жени и деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Борел со препорака за укинување на мерките за Косово

Следно

Kомеморативна седница во Собранието по повод смртта на Стојан Андов

Latest from Blog

Иран му порача на Трамп: Нема да влезете триумфално во Пекинг

 „Господине Трамп, немојте ни да помислите дека со искористување на моменталното затишје во Иран, ќе можете триумфално да влезете во Пекинг“, изјави Али Акбар Велајати, цитиран од полуофицијалната новинска агенција Тасним во

Министерот Мисајловски на отворањето на одбранбениот саем во Братислава

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во
Go toTop