Екстремно десничарската АфД стана најсилната партија во источна Германија

June 10, 2024
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Екстремно десничарската партија АфД освои најмногу гласови во пет сојузни покраини во источна Германија на неделните избори за Европскиот парламент, што е одраз на растечката политичка поделба во земјата, јавува Анадолу.

Според прелиминарните резултати, оваа антиимигрантска партија освоила 31,8 отсто од гласовите во Саксонија, 30,7 отсто во Тирингија, 30,5 отсто во Саксонија-Анхалт, 28,3 отсто во Мекленбург-Западна Померанија и 27,5 отсто во Бранденбург.

Поддршката за АфД во поранешните комунистички покраини на Источна Германија беше значително повисока од нејзиниот резултат остварен на национално ниво од 15,9 отсто.

Тоа беше најдобриот резултат на АфД досега за Европскиот парламент, што ја прави втора по големина партија во Германија.

Излезните анкети покажаа дека повеќето гласачи на АфД се загрижени за нивната економска благосостојба и бараат посилни мерки за запирање на нерегуларната миграција.

Дури 94 отсто од гласачите на АфД изразија загриженост дека влијанието на исламот во Германија „станува премногу силно“.

Според репрезентативната анкета на јавниот емитер АРД, 51 отсто од оние што гласале за АфД изјавиле дека веруваат во политиката што ја води оваа партија. Околу 44 отсто од испитаниците рекле дека гласале за АфД поради протест или разочарување од другите партии.

АфД беше вмешана во голем број скандали во последниве години, вклучително и таен состанок на нејзините највисоки функционери заради планирање масовни депортации на имигранти, што предизвика сомнеж за посветеноста на партијата кон демократските вредности.

Германската домашна разузнавачка агенција го надгледуваше младинското крило на АфД и различни ограноци поради сомневање за антидемократски аспирации во партијата.

Во последниве години, истакнати членови на партијата предизвикаа контроверзии со нивните антиимигрантски, антисемитски и исламофобични забелешки. Критичарите ја обвинуваат АфД дека поттикнува ксенофобија и антимуслимански расизам во Германија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ГЕРБ води на изборите во Бугарија, но недоволно за самостојно владеење

Следно

Претседателот Ердоган во Анкара го пречека претседателот на Азербејџан Алиев

Latest from Blog

Морничава порака од Израел: “НА АМЕРИКА ТРЕБА ДА И СЕ СЛУЧИ НОВ 11. СЕПТЕМВРИ…“

Израелскиот аналитичар за одбрана, Бени Сабти, изјави дека САД можеби ќе мора да претрпат уште еден голем напад за да ја вратат поддршката за Израел. Сабти, експерт за Иран во израелскиот Институт

Стентон Градба успешно го реализираше индустрискиот капацитет на Brainchild

Новиот производствен објект на компанијата Brainchild во ТИРЗ Жабени – Битола е завршен и ставен во функција, а изведбата на проектот ја реализираше градежната компанија Стентон Градба, која уште еднаш го потврди

Божиновска: Жените инженери се двигател на енергетската иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска упати порака по повод Меѓународниот ден на жените во инженерството, истакнувајќи дека жените сè почесто ја менуваат сликата во енергетскиот сектор и придонесуваат

ВЛЕН: До 10.000 евра за млади кои сакаат да започнат сопствен бизнис

Со објавувањето на јавниот повик за мерката за самовработување започнува имплементацијата на Оперативниот план за вработување 2026, кој, според ВЛЕН, претставува значајна можност за граѓаните и развојот на претприемништвото. Преку оваа мерка,
Go toTop