ОН: Во израелските напади се уништени повеќе од половина згради во Газа

June 10, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) Обединетите нации (ОН) соопштија дека се уништени повеќе од половина од зградите во Појасот Газа, каде што Израел продолжува со нападите од 7 октомври, јавува Анадолу.

Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), објави соопштение на својот профил на социјалните мрежи во врска со ситуацијата во Газа.

Во соопштението се нагласува дека уништувањето во Газа не може да се опише и дека повеќе од половина од зградите во енклавата се уништени.

Се проценува дека ќе бидат потребни години за да се уништувањата настанати од израелските напади и додава: „Ќе треба уште подолго за да се закрепне од психолошката траума од оваа војна.“

Во соопштението се нагласува и дека треба да се стави крај на страдањата во Газа и се бара прекин на огнот.

Според соопштението на Канцеларијата за медиуми на Владата на Газа од 24 мај, 87.000 куќи биле целосно уништени во Газа, каде што израелската армија употребила 77.000 тони експлозив од 7 октомври, а вкупно биле оштетени 297.000 куќи.

Во претходното соопштение на ОН се вели дека би можело да бидат потребни 14 години за расчистување на урнатините во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Тирана утре почнува 51. Регионална конференција на ИНТЕРПОЛ за Европа

Следно

Блер: Никогаш не се покајав за тоа што го помогнавме Косово

Latest from Blog

Катастрофа во Непал: Стотици загинати и исчезнати, меѓу кои околу 300 странски туристи (ВИДЕО)

Најмалку 95 лица загинаа, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384 исчезнати се 105 Индијци и 12 Британци, како и 111 лица чии националности сè уште не се потврдени. Ненадејните поплави во Непал

Годишниот извештај на Антикорупциска, Националната стратегија и неколку посебни извештаи пред матичната комисија во Собранието

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија, за европски прашања и Буџетскиот совет на Собранието. На
Go toTop