Ивановски со нов македонски рекорд до 29. место на полумаратонот на ЕП во Рим

1 min read

Македонскиот маратонец Дарио Ивановски постави нов државен рекорд на полумаратон од Европското првенство кое се одржува во Рим.

Тој претпладнево полумаратонот во италијанската престолнина го истрча со време со време од 1:04.01 час. Претходното најдобро време на Ивановски на оваа делница изнесуваше 1 час 4 минути и 45 секунди.

Ивановски трката ја заврши на 29. место во конкуренција на 64 натпреварувачи.

Златниот медал го освои домашниот претставник Јеманеберхан Крипа со време 1 час, една минута и 3 секунди . Втор беше Пјетро Рива исто така од Италија со една секунда заостанување, додека трет на целта стигна Германецот Аманал Петрос со време 1:01.07 час.

Извор: kurir.mk

Претходно

Ѓоковиќ е најголем на сите времиња затоа што беше и остана аутсајдер

Следно

Сè уште барате идеја за летен одмор? Ова е листата на најдобрите плажи во Европа за 2024 година

Latest from Blog