Верстапен: Задоволен сум со второто место во квалификациите

June 9, 2024
1 min read

Возачот на Ред Бул и актуелен светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен е задоволен од второто место во квалификациите за Големата награда на Канада.

– Мислам дека генерално имавме добра квалификациска сесија. Целиот викенд ни беше малку тежок, но јас ќе тргнам од втората позиција. Пред квалификациите дефинитивно би се согласил со ова. Фактот што конкуренцијата е толку блиска ја прави интересна главната трка. Во Монако се чувствував добро, но тоа не беше наша патека. Мислам дека овде ќе биде многу интересна трка, имајќи ги предвид гумите и како тие се однесуваат. И времето – понекогаш врне дожд, понекогаш не, изјави Верстапен за „Sky Sports“.

Пол-позицијата ја освои возачот на Мерцедес Џорџ Расел, а трет беше Ландо Норис од Мекларен.

Трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Канада ќе се вози вечер со почеток во 20 часот по македонско време.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Брод на британската морнарица погоден со проектил во Аденскиот Залив

Следно

Џеј Ло и Бен Афлек ја продаваат вилата од 60 милиони долари што ја купија пред една година

Latest from Blog

МАКРОН СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ПО ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА: Крајната левица сака да ја урне републиката

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „бунтовничките активности“ на крајнолевичарските групи, обвинувајќи ги дека се исклучително опасни и дека сакаат „да ја урнат републиката“, по немирите и грабежите што избувнаа минатата сабота

12,7 милиони денари промет на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.836,60 поени. Во однос

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани
Go toTop