УНРВА: Израелската агресија принуди повеќе од 1 милион Палестинци да побегнат од Рафа

June 3, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) денес соопшти дека повеќе од еден милион Палестинци биле принудени да го напуштат градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа поради континуираните израелски напади, јавува Анадолу.

„Принудното раселување оддалечи над еден милион луѓе од Рафа“, објави УНРВА на социјалната мрежа X.

„Ситуацијата драматично ескалира, со илјадници семејства што бараат засолниште во оштетените и уништени станбени области во Кан Јунис“, се додава.

„УНРВА продолжува да обезбедува основни услуги и покрај зголемените предизвици“, се вели во соопштението.

Исто така, условите во Рафа ги опиша како „неискажливи“, нагласувајќи ја сериозноста на кризата.

Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Газа по упадот на Хамас на 7 октомври и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Според локалните здравствени власти, оттогаш во Газа се убиени повеќе од 36.400 Палестинци, огромно мнозинство се жени и деца, а над 82.600 се повредени.

Речиси осум месеци од почетокот на израелските напади, огромни делови од Газа се во урнатини, а недостигаат храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, каде што засолниште од војната најдоа над еден милион Палестинци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот на грузискиот парламент го потпиша контроверзниот закон за „странски агенти“

Следно

Турчинот Умут ја напушти работата и со велосипед тргна на пат околу светот

Latest from Blog

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот
Go toTop