Путин во Белорусија: Безбедносните прашања во фокусот на средбата со Лукашенко

1 min read

МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека за време на неговата посета на Белорусија ќе разговара за безбедносни прашања со својот белоруски колега Александар Лукашенко, вклучително и за нуклеарните вежби меѓу двете земји кои во моментов се во тек, јавува Анадолу.

Путин доцна синоќа пристигна во белорускиот главен град Минск, каде Лукашенко го пречека на еден од аеродромите во градот.

Мислам дека како и обично на преден план ќе ги ставиме безбедносните прашања, а утре, заедно со колегите од двете влади, ќе разговараме за економските прашања“, рече Лукашенко поздравувајќи го Путин.

Белорускиот претседател истакна дека има и „многу интересен предлог“ во врска со кавкаскиот регион, за кој разговарал „многу сериозно“ за време на посетата на Азербејџан.

Од своја страна, Путин рече дека при посетата на Кина на 16 и 17 мај, кинескиот претседател Си Ѓинпинг „го спомена“ Лукашенко со „убави зборови“.

„Имав голема средба со членовите на владата, и разговаравме за мојата посета на вас… За сето ова ќе разговараме денеска и утре, вклучително и за безбедносните прашања на кои постојано посветувате големо внимание… Се разбира, ќе разговараме и за вежбите – за втората фаза од вежбите“, рече тој.

Русија во вторникот го објави почетокот на воените вежби за обука за употреба на нуклеарно оружје. Белорусија најави ист вид вежба на 8 мај. Ниту Москва ниту Минск не го прецизираа датумот на завршување на вежбите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Германски медиум плати отштета од 200.000 евра за лажно интервју со Шумахер

Следно

Инвестициите во соларна енергија доведоа до рекордно низок увоз на струја

Latest from Blog