Американски професори губат работа ако се за Палестина

May 23, 2024
1 min read

Многу научници посветени на палестинското ослободување повеќе не можат да ја вршат својата работа. Ова не е никаде поточно како во Појасот Газа – каде што сите 12 универзитети се претворени во урнатини, а повеќе од 90 професори се убиени за време на израелските напади.

Но, долга е раката на Израел.

Неговите обиди за искоренување на интелектуалниот живот во Газа одекнува многу подалеку од таа територијата – во САД.

„Од почетокот на израелската војна против Газа, професори од најразлични области, од политика и социологија, до јапонска литература или карипски студии се отпуштени, суспендирани или отстранети од училниците заради пропалестински или анти-израелски говор“, пишува Наташа Ленард во Интерсепт.

Меѓусебе тие имаат малку заедничко. Живеат во различни градови и сојузни држави, потекнуваат од различни земји, некои со децении предаваат, некои се нововработени, некои предаваа на приватни универзитети, други на државни… Заедничко им е само што се за слобода на Палестина.

Иако нема официјален извештај за бројот на академски предавачи кои изгубиле работа или се соочиле со суспензија поради поддршката за Палестина, од десетина професори и асистенти кои на работа наишле на проблеми заради нивните про-палестински ставови со кои разговарал Интерсепт, седуммина биле под внатрешна истрага на институцијата во која работат, некои се суспендирани, а другите останале без работа или очекуваат да не им се обноват договорите.

„Ние сме на почетоците на еден нов МекКартизам. Ова е само врв на ледениот брег“,  вели Анита Леви од асоцијацијата на американски професори.

Еден од најпознатите случаи е оној со визитинг професорот по блискоисточни, јужноазиски и африкански студии, Мухамед Абду, за кој Универзитетот Колумбија соопшти дека ги прекинува релациите.

„Практично, ме ставија на црна листа на глобално ниво,“ вели Абду после 20 години предавање во Канада, Египет и САД, во области кои вклучуваат квир студии и домородни студии.

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Деспотовски за „Студио 10“: Оставката на претседателот на СДСМ е задоцнет, но вистински чекор

Следно

КОНЦЕРТ СО МАКЕДОНСКИ ИЗВОРНИ ПЕСНИ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ НА КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР ОД БИТОЛА СО НАДА ТАЛЕВСКА-СПАСОВСКА

Latest from Blog

СДСМ: Муцунски за една година не покажа никаков  резултат, целосен дебакл на надворешната политика

На прес конференција на СДСМ, која што ја одржа Фатон Бејта од партиската Комисија за надворешни работи, е истакнато дека после една година од изборите и речиси цела година од мандатот на

Израел уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Газа

АНКАРА (АА) – Израелската армија рано утринава уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Кан Јунис, јужниот дел на Појас Газа, јавува Анадолу. Канцеларијата за медиуми на Владата со

Од 1 јуни македонските компании ќе снабдуваат 1000 потрошувачи со струја на косовскиот пазар

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазаротсо електрична енергија. Ова
Go toTop