Аталанта ја освои Лигата на Европа за оваа сезона

May 22, 2024
1 min read

Аталанта успеа да дојде до победа и вредна европска титула во Лига Европа, добивајки го Баер Леверкузен со 3:0.

Eкипата на Чаби Алонсо конечно е поразена, ова е нивни прв триумф во нестварната сезона за нив, но за нивна несреќа, не дојдоа до европска титула.

Аталанта поведе вечерва преку голот на Локман во 12. минута, а истиот играч го дуплираше водството во 26. минута, за 2:0 предност на полувреме.

Во вториот дел шансите се редена на двете страни, но поконкретна беше повторно екипата од Бергамо, која постигна и трет гол и повторно преку Локман, кој комплетира хет трик.

Гасперини ја однесе малата Аталанта на европскиот трон, нешто во кое веројатно никој не веруваше на почетокот од сезоната.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДИК: Европски фронт и ВРЕДИ со по 8 мандати во шестата изборна единица

Следно

Васер: Мекларен и Ферари можат да се борат за титулата со Ред Бул

Latest from Blog

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот

СДСМ: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење

СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата
Go toTop