(ФОТОГАЛЕРИЈА) Црквата „Свети Спас“ денеска затворена за посетители, присутни се неколку полицајци

February 5, 2023
1 min read

Околу црквата сè уште има мал број полицајци, а по улиците слободно се поминува

По вчерашното одбележување на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, денеска е мирно и тивко во и околу црквата „Свети Спас“, каде што се наоѓа гробот на великанот.

Неколку туристи сакаа да влезат и да ја посетат црквата, но им беше кажано дека таа денеска е затворена.

Околу црквата сè уште има мал број полицајци, а по улиците слободно се поминува.

Со високи државни почести и во мирна атмосфера вчера во Скопје беше одбележана 151-годишнина од раѓањето на големиот светски визионер и инспиратор на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев. На неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ вчера цвеќе положија државниот врв, претставници на политичките партии од власта и опозицијата, на граѓански организации и на Армијата, делегација од Бугарија, граѓани… Одбележувањето помина под силно полициско обезбедување, а веќе неколку дена улицата која минува крај црквата „Св. Спас“ е затворена за сообраќај, како што се очекува да биде и денеска.

Чествувањето на Гоце Делчев вчера се одвиваше под силно полициско обезбедување. Настанот беше квалификуван од висок ризик по најавите дека од Бугарија ќе дојдат голем број граѓани на гробот на „бугарскиот револуционер Гоце Делчев“.

Полицајците, кои во голем број беа распоредени во и околу црквата „Свети Спас“, вчера изутрина вршеа претрес и проверки на новинарските екипи кои го покриваа настанот, а просторот цело време го надлетуваше хеликоптер.

Улицата „Самуилова“ во подножјето на Скопско Кале три дена беше блокирана за возила, а влезот во црквата „Свети Спас“ беше целосно забранет. Полициски сили беа распоредени наоколу и ги одвраќаа граѓаните што сакаат да влезат во црквата.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОМО Илинден Пирин: Има камери, бугарската полиција брзо да открие кој го скрши стаклото на македонскиот клуб во Благоевград

Следно

МНР демантира: Немаше договор за заедничко чествување за 151 година од раѓањето на Гоце Длечев

Latest from Blog

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

Бараме дипломатско решение за овој конфликт, а не воен договор. Тоа е она што претседателот Трамп отсекогаш го барал“, рече Виткоф, одговарајќи на прашањето дали Путин е подготвен за трилатерална средба со

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата во август 2,6% – продолжува стабилизирањето на цените

Инфлацијата во август изнесува 2,6 отсто на годишно ниво, што според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е потврда за стабилизирањето на економските текови и задржувањето на позитивните трендови во економијата. Димитриеска-Кочоска посочува

Коњановски: Битола добива нови градинки, ново училиште и нови спортски сали – иднината се гради денес

Почитувана македонска јавност, драги битолчани, Вашите идеи значат визија за нашата Битола, а промените во нашиот град не останаа празни зборови, туку станаа видливи проекти, дела кои потврдуваат дека Битола се гради како
Go toTop