ОМО Илинден Пирин: Има камери, бугарската полиција брзо да открие кој го скрши стаклото на македонскиот клуб во Благоевград

February 5, 2023
1 min read

Организацијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин бара од тамошната полиција да го истражи случајот со кршењето на стаклото на македонскиот клуб во Благоевград.

„Веќе 17 години напади врз македонските клубови во Бугарија. Дали полицијата конечно ќе истражи овој пат и нема да одбие? Да видиме дали ќе ги најде сторителите откако неодамна постави камери над клубот на свој начин. Се надевам дека беше за безбедност, а не само за следење на доаѓањето. А има од каде да почне – нека го испрашуваат Виктор Стојанов, еден од организаторите на провокациите, кој истовремено беше во Благоевград со цела банда аверис“, стои во постот објавен на Фејбук страницата на ОМО Илинден Пирин.

Во постот се означени премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот Стево Пендаровски, првиот човек на Левица Димитар Апасиев, министерот за надворешни работи Бујар Османи, вицепремиерот Бојан Маричиќ и претседателката на Европската комисија Урсула ван дер Лајен и комесарот Оливер Вархеи.

Во објавите од вчера, ОМО Илинден Пирин информираше дека Македонците од Бугарија го одбележуваат раѓањето на Гоце Делчев и оти положиле цвеќе на споменикот во Благоевград, но исто така посочуваат и дека не им било дозволено да користат македонски знамиња. Прославата во чест на Гоце продолжила во Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Резников: Развојот на украинскиот пазар на беспилотни летала е клучна област на делување

Следно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Црквата „Свети Спас“ денеска затворена за посетители, присутни се неколку полицајци

Latest from Blog

Комуналец Прилеп: Населбата Бончејца заглавена поради мебел пред контејнерите

Во моментот, цела покуќнина е изнесена до контејнерите на улицата Бидимаш во населбата Бончејца, соопшти ЈКП Комуналец Прилеп. Дел од мебелот се наоѓа на сообраќајницата и го попречува нормалното движење на возила,

Божиновска на средба со „Chevron“ за диверзификација и стабилност во снабдувањето со енергенси

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба во канцеларијата на Chevron Corporation во Вашингтон, посветена на унапредување на енергетската соработка и обезбедување стабилно и диверзифицирано снабдување со нафта

Иранскиот претседател: Над 14 милиони Иранци се подготвени да ги дадат животите за одбрана на земјата

„Повеќе од 14 милиони горди Иранци досега изразија подготвеност да ги жртвуваат своите животи во одбрана на Иран. И јас бев, сум и ќе бидам подготвен да го жртвувам својот живот за
Go toTop