Израел повика на евакуација на Рафа пред можна офанзива

May 6, 2024
1 min read

– Израелската војска ги повика жителите на источниот дел на Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, да се евакуираат во „проширена хуманитарна област“, пред можна офанзива.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) рано утрово соопштија дека ги „охрабруваат“ жителите на источниот дел на Рафа да се преселат во проширена хуманитарна област во бегалскиот камп Ал-Маваси, на Средоземното Море недалеку од границата со Египет.

– Во согласност со одобрението на владата, тековната проценка на ситуацијата ќе го води постепеното движење на цивилите во наведените области, до хуманитарните области, се вели во објава на ИДФ на социјални мрежи, пренесува ДПА.

ИДФ ја окарактеризира евакуацијата како „привремена“, додавајќи дека повиците за преместување ќе се „пренесат преку постери, СМС пораки, телефонски повици и медиумски преноси на арапски јазик“.

„ИДФ ќе продолжи да го гони Хамас насекаде во Газа додека сите заложници што ги држат во заробеништво не се вратат дома“, се нагласува во објавата.

Во друга објава ИДФ им порача на жителите на Газа дека „ќе продолжи да се бори против терористичките организации кои ве користат како жив штит“.

Индиректните преговори меѓу Израел и палестинската милитантна организација Хамас во Каиро изминатиот викенд за нов прекин на огнот во војната во Газа и ослободување на заложниците во замена за палестинските затвореници не дадоа никакви резултати.

Израел сака да ја искористи воената операција во Рафа за да ги разбие преостанатите баталјони на Хамас.

Заложниците заробени за време на терористичките напади на 7 октомври кои го предизвикаа конфликтот, исто така, се верува дека се чуваат во градот на границата со Египет.

Израелските сојузници, вклучително и САД, ја повикуваат владата во Тел Авив да не спроведува таква операција во Рафа, каде стотици илјади внатрешно раселени лица се засолниле од борбите во други места во Појасот Газа.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ландо Норис во Мајами до првата победа во Формула 1 шампионатот

Следно

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај

Latest from Blog

Депортиво и Елче ги поделија бодовите

Во единствениот меч од денешката Примера програма екипата на Депортиво Ла Коруња на домашен терен не успеа да ја искористи предноста на својата публика и одигра 1:1, со тимот на Елче. Домаќинот

Русија е во потрага по синот на американскиот министер за здравство- се борел на страната на Украина

Конор Кенеди, кој е правнук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, се приклучи на Украинската меѓународна легија на самиот почеток на руската инвазија. Неговиот татко, Роберт Ф. Кенеди помладиот, ја презеде

Државата ќе продава скоро 1.000 хаварисани возила – одат на лицитација како старо железо, еве кои се условите за купување

Агенцијата за управување со одземен имот става на продажба дури скор 1.000 хаварисани возила, кои ќе се нудат во еден закупен пакет исклучиво за третман како отпаден материјал. Возниот парк од конфискувани

Тимот на Инфантино се распаѓа, Кевин Ламур си поднесе оставка

Оперативниот директор на ФИФА, Кевин Ламур, инаку еден од најблиските соработници на претседателот на кровната фудбалска институција во светот, си замина од функцијата односно си поднесе оставка. Потегот се случува по серијата

Венецуела бара од Британија да им врати 31 тон злато, вредно 4 милијарди долари

Средствата се наменети за обнова на земјата по катастрофалните земјотреси во јуни. Реткиот консензус е постигнат по две недели преговори со посредство на Соединетите Американски Држави, а целта е да се деблокираат
Go toTop