Во израелските напади убиени 34.683 Палестинци во Газа од 7. октомври

May 5, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 34.683 Палестинци се убиени во израелските напади на Појасот Газа од 7. октомври минатата година, соопшти денес Министерството за здравство во опколената палестинска енклава, известува Анадолу.

Палестинското министерство информираше дека во истиот период се повредени 78.018 Палестинци.

„Во израелските напади последните 24 часа се убиени 29 Палестинци, а ранети се 110. Многу луѓе сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи екипите не можат да дојдат до нив“, соопшти министерството.

Според податоците на Обединетите нации, израелските напади врз палестинската енклава принудија 85 отсто од населението на Појасот Газа внатрешно да се раселат, предизвикувајќи акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА СЛАВНИОТ АМЕРИКАНСКИ УМЕТНИК ФРЕНК СТЕЛА

Следно

Ден на македонскиот јазик

Latest from Blog

Моќен американски разурнувач остана без струја и вода на температура од 37°C во Јужнокинеското Море

 Седмата флота на американската морнарица за Си-Ен-Ен (CNN) го потврди инцидентот што се случи на 24 јули. Сериозен дефект во Јужното Кинеско Море Бродот ја изгуби способноста за маневрирање поради дефект на

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција. – Кога

По години запуштеност, Градскиот стадион во Прилеп повторно е во одлична состојба

Градскиот стадион во Прилеп доби целосно освежен изглед и повторно е подготвен да ги пречека спортските натпревари. ЈКП „Комуналец“ и ЈКП „Водовод и канализација“, во соработка со Локалната самоуправа, реализираа целосна рехабилитација
Go toTop